Даноците се стопиле за 28 милиони евра
Полнењето на буџетот оди многу потешко од владините прогнози и очекувања. Во првиот квартал даночните приходи се пониски и од оние кои беа планирани, и од оние што беа остварени во текот на минатата година.
Даночните приходи во првите три месеци од оваа година се намалиле за 10,2 отсто во однос на истиот период лани. Ова се наведува во податоците на Управата за јавни приходи, за планираните и остварените даночни приходи во периодот јануари-март годинава.
Во првиот квартал од годинава биле наплатени даноци во вкупна вредност од околу 246,5 милиони евра, а во истиот период лани биле наплатени даноци од околу 274,6 милиони евра, што е помалку за 10,2 отсто, односно за 28 милиони евра.
Намалување на наплатата е забележано кај сите даночни приходи, а најголемо од речиси 30 отсто има кај данокот на добивка, покажаа податоците на УЈП. (Ек.Р.)
|