Број 3627  понеделник, 11 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Осуммина загинати во сообраќајка во Грција

11.07.2011, 13:49

Осум лица го загубија животот, а четворица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчераутро на патот Александруполи -Комотини во Грција. Меѓу загинатите има две малолетни девојчиња, а еден од четворицата сериозно повредени е момче на возраст од пет години. До ужасната несреќа дошло откако комбето "ауди" во кое се наоѓале дванаесеттемина излетало од патот, удрило во банкината, потоа во бетонски столб на еден билборд од што буквално се распарчило на два дела и паднало во канал покрај патот.

Првичните информации беа дека има девет жртви, но лекарите успеале да го повратат во живот петгодишното момче. Загинатите се двајца мажи на возраст 35 и 20 години, четири жени на возраст 20, 30, 35 и 40 години и две девојчиња на возраст од две и шест години.

Од информациите на полицијата се вели дека дека комбето било со украдени регистарски таблички од Атина, на кое му биле додадени дополнителни седишта и во багажникот за да собере повеќе патници. Според надлежните, станувало збор за имигранти. Причините за несреќата се' уште се утврдуваат, но се претпоставува дека до трагедијата дошло поради голема брзина или, пак, поради проблем со возилото од преоптовареност. (М.П.)



#
Статијата е прочитана 1604 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Македонија се договара со Албанија, Црна Гора и со Косово
Алонсо најдобар во Силверстоун
Тиквешко Езеро спас од пеколните горештини
Валентина Каранфилова-Стевановска, авторка на „Воинот на коњ“
Посебна телефонска линија за пасоши за иселениците
Последен одмор во двојка
Политичари без одмор?
Слепите ќе прогледаат со високотехнолошки очила
Груевски не сака да преговара
Да го заштитиме „Охридско лето“ од контаминација
Болестите се читаат на лицето
Рамковски се изјасни за невин
Мизерни медиуми
Анова и Трпковски на местото на Груевски и Трајковски
Технологија и нееднаквост
Присилна наплата на радиодифузната такса
Триумф за „Панкот не е мртов“ во Карлови Вари
Нов вид бактерија гонореја отпорна на антибиотици
Штип бара партнер за бањата Кежовица
Таблоидот си објави посмртница
Чаирчанец ја убил сопругата со сигнален пиштол
Карикатура
Онлајн вести

"""