Број 3627  понеделник, 11 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Карла и Никола Саркози

Последен одмор во двојка

Првата дама на Франција, Карла Бруни, и нејзиниот сопруг Никола Саркози уживаат во романтичен пребејби одмор на француската ривиера. Се чини дека го вадат максимумот и уживаат во секоја секунда од летниот одмор пред доаѓањето на свет на нивната прва заедничка рожба, која се очекува кон крајот на годинава. Папараците ги уловија додека се шетаа на плажата во Fort de Bregancon, каде што се наоѓа претседателска резиденција. Двајцата постојано се држеа за раце и уживаа во серијата бакнежи и прегратки додека се возеа со брод и шетаа на крајбрежјето.

Карла е во поодмината бременост, но во големината на стомакот слободно може да и' парира и Никола, кој очигледно се олабавил малку повеќе во јадењето...

И додека јавноста чека на официјално соопштение за приновата, стомакот беше повеќе од забележлив под нејзината виолетова кошула. Саркози, пак, кој се одлучи за бела маица и црни бермуди, се однесуваше многу заштитнички кон својата сопруга, постојано внимавајќи на неа, помагајќи и' да се качи на бродот и галејќи ја по стомакот.

Приновата во семејството Саркози ќе биде втора за Карла, која веќе има 10-годишен син, а четврта за Никола, кој има три сина. Бруни и Саркози ја почнаа врската во ноември 2007 година, а се зедоа три месеци подоцна на приватна церемонија во Елисејската палата на 2 февруари 2008 година.


#
Статијата е прочитана 2543 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Македонија се договара со Албанија, Црна Гора и со Косово
Алонсо најдобар во Силверстоун
Тиквешко Езеро спас од пеколните горештини
Валентина Каранфилова-Стевановска, авторка на „Воинот на коњ“
Посебна телефонска линија за пасоши за иселениците
Политичари без одмор?
Слепите ќе прогледаат со високотехнолошки очила
Груевски не сака да преговара
Да го заштитиме „Охридско лето“ од контаминација
Болестите се читаат на лицето
Рамковски се изјасни за невин
Мизерни медиуми
Анова и Трпковски на местото на Груевски и Трајковски
Технологија и нееднаквост
Присилна наплата на радиодифузната такса
Триумф за „Панкот не е мртов“ во Карлови Вари
Нов вид бактерија гонореја отпорна на антибиотици
Штип бара партнер за бањата Кежовица
Осуммина загинати во сообраќајка во Грција
Таблоидот си објави посмртница
Чаирчанец ја убил сопругата со сигнален пиштол
Карикатура
Онлајн вести

"""