Број 3627  понеделник, 11 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Поглед

Политичари без одмор?

Жаклина Ѓорѓевиќ

Додека светот на секој чекор го следи францускиот претседател, Никола Саркози, и неговата бремена сопруга, Карла Бруни, па дури и каде летуваат, за македонските политичари тешко може да се дознаат какви било детали за нивниот приватен живот, а камоли каде ќе одат на летување. Тоа му доаѓа нешто како невозможна мисија.

Дали е поради високите температури или жешките преговори околу составот на идната Влада, политичарите, со исклучок на собраниските седници, како да пропаднаа в земја. Новинарите мака мачат да дознаат каков било политички став, посебно сега кога се бројат деновите за тоа кои имиња ќе се појават како нови министерски фаци. Но, не е само поради Владата. И претходно политичарите се случуваше да бидат недостапни за коментари, а ретко некој од нив ќе се „дрзнеше“ да ја каже вистината каде планира да се одмора во текот на летото.

Па, затоа новинарите се препуштени сами на себе. Мора да се потпираат на разни шпекулации дека извесен министер се сонча на плажа во Грција. Бидејќи и онака неретко се случува информациите што доаѓаат од нивните кабинети да бидат, за жал, погрешни.

Многу често политичарите, барем овие нашиве, сакаат да се претстават како скромни, па се случува и да кажат дека, ете, за Нова година или на летен одмор ќе си останат дома, во папучи. Тоа, само за потсетување, се случи пред неколку години, во времето кога да се оди во Грција се сметаше за грев. Но, и тогаш, некои повторно го одбраа нашиот јужен сосед за летување, ризикувајќи да не бидат жигосани. Па ете, останаа живи-здрави без некој да им забележи за тоа.


#
Статијата е прочитана 1987 пати.

Испрати коментар

Од: Istocna Makedonija
Датум: 11.07.2011 08:37:24
Nasive politicari,dovolno odmaraat za vreme na celata godina!Da ne gi zalime,dobro se odmoreni i gi nemaat makite od sekojdnevieto na nasiot obicen graganin.A toa se sekojdnevnite maki i bitki za minimalmno prezi- vuvanje.
Од: Кај отидовте?
Датум: 11.07.2011 09:59:38
Ако се суди според квалитетот и на овој текст и на целиот овој Утрински Весник, најверојатно сите од Утрински заминале по туристичките дестинации за да ги бараат политичарите.
Од: gragjanin
Датум: 11.07.2011 11:34:29
Potpolno deplasirana tema,voopsto ne e vazno a uste pomalku interesno kade letuvale odnosno se odmarale polticarite,posebno nasive.Se otepaa od rabota pa im treba odmor!!

Најди! во Утрински
Насловна
Македонија се договара со Албанија, Црна Гора и со Косово
Алонсо најдобар во Силверстоун
Тиквешко Езеро спас од пеколните горештини
Валентина Каранфилова-Стевановска, авторка на „Воинот на коњ“
Посебна телефонска линија за пасоши за иселениците
Последен одмор во двојка
Слепите ќе прогледаат со високотехнолошки очила
Груевски не сака да преговара
Да го заштитиме „Охридско лето“ од контаминација
Болестите се читаат на лицето
Рамковски се изјасни за невин
Мизерни медиуми
Анова и Трпковски на местото на Груевски и Трајковски
Технологија и нееднаквост
Присилна наплата на радиодифузната такса
Триумф за „Панкот не е мртов“ во Карлови Вари
Нов вид бактерија гонореја отпорна на антибиотици
Штип бара партнер за бањата Кежовица
Осуммина загинати во сообраќајка во Грција
Таблоидот си објави посмртница
Чаирчанец ја убил сопругата со сигнален пиштол
Карикатура
Онлајн вести

"""