УЈП
Присилна наплата на радиодифузната такса
11.07.2011, 14:06
Управата за јавни приходи апелира до обврзниците за радиодифузна такса кои не извршиле плаќање на јавната давачка во законскиот рок, тоа да го сторат во најкусо време, бидејќи даночната администрација ќе почне со присилна наплата на нивните долгови.
Од УЈП потсетуваат дека плаќањето на радиодифузната такса се врши најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец, а во случај на задоцнето плаќање надвор од законскиот рок, се пресметува камата од 0,03 отсто и тоа за секој ден задоцнување.
Со цел олеснување на плаќањето на РДТ, граѓаните и фирмите можат по сопствено изјаснување да извршат плаќање на радиодифузната такса за повеќе месеци, односно за цела календарска година или пак да вршат плаќање со траен налог за што треба да потпишат договор со носителот на платниот промет, односно банката, се наведува во соопштението.
|