Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Спорт

Робенбаерновата влезница за финалето

Холанѓанецот со нова бомба од 25 метри им донесе победа на Баварците од 1:0 во првото полуфинале со Лион

„Робен ја отвори вратата кон финалето“, со овој наслов „Кикер“ го слави, според него, добриот настап на Баерн во првиот меч од полуфиналето од Лигата на шампиони.

„Баерн е на само еден меч од финалето. Тоа беше многу подобар настап од 2001 година, кога Баварците од истиот противник беа поразени со 0:3. Победата можеби можеше да биде и поголема, но Рибери беше рано исклучен во 37 минута. Иако, создаваа шанси, тие останаа неискористени, а потоа Французинот поцрвене“, пишува „Кикер“ и додава: „Бидејќи играчите на Ван Гал беа во бројчен минус, Ивица Олиќ, мораше повеќе да се посвети на дефанзивните задачи, а во вториот дел таа задача му припадна на Тимошчук. Но, вториот жолт картон на Тулалан на почетокот на вториот дел, ги врати сите работи на почеток, а потоа бомбата на Робен осигура победа“.

Покрај „Кикер“ и останатите медиуми во Германија велат дека Баварија може да го слави Робен, но не и Рибери, кој очигледно оптоварен со секс-скандалот со малолетната проститутка, во кој се вмешани и Бензема и Гову, беше пренапнат и пренервозен.

Дури и пред Робен да го постигне голот Рибери заедно со својата сопруга Вахиба седнал во автомобилот и го напуштил стадионот. Сега Французинот се надева дека УЕФА ќе има милост и ќе го казни само еден меч, како би можел да настапи во евентуалното финале. Медиумите ја пренесоа и интересната изјава на Франц Бекенбауер, кој мечот го коментираше за „Сат 1“. „Тоа беше темно жолт, или светло црвен картон. Рибери немаше среќа, бидејќи судијата беше покрај него. Баш се работеше за глупав прекршок. Ако тоа не се случеше Лион можеше да настрада“, смета германската легенда.

Како и да е, Робен со своерачниот потпис го реши мечот и со 16 гола на 17 меча тој е вистински спасител на Баерн и на Баварците им значи како Руни на Манчестер Ј., како Роналдо на Реал, како Меси на Барселона. Иако, не е брз како Роналдо, силен како Руни, комплетен како Меси, Робен е личност во која секој тренер може да има бескрајна доверба, а во Баерн многу повеќе се подреди на тимот и не е толку себичен како во Челзи или Реал М, кога на себе знаеше да го навлече бесот на Дрогб�� и Раул.

Сепак, пред крајот на натпреварот Робен фрли црна дамка на својот добар настап. Имено, во 85 минута Луис ван Гал реши да го извади од игра, а на негово место го стави Алтинтоп. При излегувањето Робен реагираше луто и не му подаде рака на својот тренер. „Мојата реакција беше погрешна. Но, тоа е резултат на преголемата желба да играм во финалето. Чувствував дека ќе имам шанса и во последните неколку минути, откако играчите на Лион беа растргнати. Но, секако не реагирав како што треба“, објасни Робен.

Ван Гал, пак, вели дека целта му била да го сочува Робен, но и Олиќ (го замени на полувремето) за наредните тешки натпревари. „За три дена играме со Борусија Менхенгладбах и мора да внимаваме сите играчи да останат здрави. Можам да бидам задоволен. Го победивме Лион и патуваме во Менхенгладбах со здрав Робен и здрав Олиќ, како и сите други останати“, вели ван Гал, кој ја освои Лигата на шампионите со Ајакс во 1995 година.

Колку што германските медиуми го фалат Ван Гал, толку француските го критикуваат Клод Пуел. За него пишуваат дека не го искористил добро времето додека имал играч повеќе, додавајќи дека во реваншот Лион има мали шанси.

„Ле фигаро“ во својата опширна анализа истакнува од колкава важност бил пресингот на Германците. „Лион во добар дел од мечот беше притиснат на својата половина и лавовите може да бидат среќни со слабата реализација на Германците, кои и со играч помалку напаѓаа. Во играта пак 10 на 10 на теренот постоеше само еден тим - Баерн. Погрешна тактика избра Пуел, кој мислеше дека ќе ги одбрани почетните 0:0. Тоа се покажа како катастрофална грешка, кога Робен го испали куршумот“.


#
Статијата е прочитана 374 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Објавени фотографиите на малолетната проститутка на Рибери
Топалов со бели фигури на стартот против Ананд
Скопскиот маратон на 9 мај
Кој ќе трча на атлетската патека во Охрид
Кина тагува по Самаранч
Мозли
Сан Антонио израмни во пресметката за Тексас
Фени И. во финалето против Вардар О.
Одбиена понудата на Саудиска Арабија за пријателски меч