Сан Антонио израмни во пресметката за Тексас
Сан Антонио ја доби втората средба од тексашката пресметка во првата плеј-оф рунда против Далас со 102:88 и израмни на 1:1 во серијата до четири победи. Тим Данкан уфрли осум коша во низа во последниот период во мечот што го заврши со дабл-дабл ефект (25 поени, 17 скока), најголема помош имаше во Емануел Џинобили, стрелец на 23 коша. На спротивната страна Џејсон Тери постигна 27 поени, но тоа не им помогна на маверикси да ја анулираат негативата од десет коша што ја имаа од самиот почеток во натпреварот. Во еден момент во третата четвртина беа во минус од 14 поени. Новицки беше најдобар во составот на Далас со 24 коша и 10 скока.
„Ако му овозможуваат простор за такви шутеви во наредниот меч како што беше случај во овој, ќе ги погодам“, најави Новицки кој беше непрецизен во шест од првите седум удари во мечот, а промаши и слободно фрлање по низата од 88 погодени. Тренерот на домашните Рик Карлајл се обиде да ги поедностави работите.
„Шутерски беа исклучително расположени, а ние бевме екипа која не можеше да го спречи во тоа“.
Орландо славеше над Шарлот со 92:77 и поведе со 2:0. Бобкетси се „разбудија“ во последната четвртина, но се покажа дека е доцна за било што. Во првите осум минути постигнаа само три коша,па затоа и заостанувањето од 18:14 по првиот период не изгледаше лошо за нив. Меѓутоа работите не се променија во продолжението, а „магичните“ во третата четвртина имаа и плус 20 и во тој момент ништо не најавуваше дека натпреварот може да се искомплицира. Пет минути Орландо не успеа да го погоди противничкиот обрач и тоа ја замрси работата. На 3,5 минути до крајот гостите имаа минус 8 (83:75), но тоа беше се' што имаа сили да направат.
Сите стартери во тимот на Стен ван Ганди постигнаа двоцифрен број поени, најмногу меѓу нив Винс Картер (19). Лидер на Шарлот беше Стивен Џексон со 27 поени, Џералд Валас оствари 15 коша, 6 скока и 4 блокади.
Резултати: Орландо - Шарлот 92:77 (Орландо води со 2:0 во серијата до 4 победи), Далас - Сан Антонио 88:102 (резултатот во серијата е 1:1).
Скот Брукс тренер на годината
Тренерот на Оклахома, Скот Брукс (44), е прогласен за тренер на годината во НБА лигата. Со 480 гласа тој заврши пред Скот Скајлс од Милвоки со 313 и Нејт МекМилан од Портланд со 107.
За Брукс ова е дебитантска сезона во НБА лигата. Од Оклахома тој успеа да направи кошаркарски град, а младите „волци“ ги предводеше до 27 победи повеќе за разлика од минатата сезона и пласман во плеј-офот.
Како играч мина 11 сезони во НБА лигата и беше резерва во шампионскиот тим на Хјустон од 1994 година. |