Не гледајте вести пред спиење
Одбегнувањето ТВ-дневници, како и пишување мејлови и СМС-пораки еден час пред легнување гарантира добар сон
Заморот влијае на подигнување на нивото на хормонот на стрес, кортизол, во телото на човекот, кој потоа го уништува колагенот во кожата, правејќи таа да изгледа лошо, истрошено и неколку години постаро, вели американскиот дерматолог Ејми Веслер. За добар сон таа препорачува да се одбегнуваат вести на телевизија, пишување мејлови и СМС-пораки еден час пред легнување. Наместо тоа, читајте, гледајте хумористична серија или водете љубов. Важно е да знаете дека кортизолот е најнизок за време на спиењето и вежбањето, а особено по водењето љубов!
„Добриот сон и одмор од стресот може да ве подмладат и за неколку години“, тврди Веслер. Со неа се согласува и директорката на Институтот за козметичка медицина во Мајами, Лесли Бауман, која воедно ја истакнува и важноста на пилингот за кожата. Едноставните домашни пилинзи, вели таа, може да го направат тенот помлад и поблескав, исто така, може да го поттикнат и производството на колаген, важен за еластичноста на кожата и младиот изглед.
„Со текот на годините кожата станува посува, а нејзините мртви клетки остануваат на површината правејќи го нејзиниот изглед порапав. Доколку ги отстраните со пилинг, кожата ќе функционира и ќе изгледа поубаво и помеко“, вели Бауман.
Навлажнување на кожата
Редовното навлажнување на кожата е исклучително важно за нејзиниот изглед, советуваат стручњаците кои препорачуваат кремови кои содржат глицерин и хијалуронска киселина. Природните навлажнувачи, како маслиновото, сончогледово и кокосово масло, исто така, се добри за кожата.
Храна богата со антиоксиданси
Антиоксидансите од храната во кожата ја неутрализираат штетата предизвикана од слободните радикали. Исто така, ја заштитуваат кожата од секој чад, особено од цигарите. Затоа е важно исхраната да ја збогатите со овошје и со зеленчук, кои се природен извор на антиоксиданси.
Сончање
Постојаното изложување на сонце со текот на времето доведува до појава на сончеви дамки, а настануваат мали и длабоки брчки. Сонцето драстично го забрзува стареењето на кожата, тврдат стручњаците. Заштитата со кремови со УВ-фактор ја намалува штетата, но силното сонце, сепак, треба да се избегнува.
Добри и лоши масти
Некои масти од храната ја навлажнуваат кожата одвнатре. Тоа се ГЛА, ЕПА, ДХА и омега–3 киселините (ги има во рибино масло и во лен). Заситените масти од месото и од пржената храна ја остаруваат кожата.
Пилинзи
Сув��та кожа треба со пилинг да се третира почесто (двапати седмично), а масната поретко (еднаш седмично). |