Број 3083  петок, 11 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

Опра Винфри

Затворени улици за кралицата на ток-шоуто

Опра Винфри направила голема забава по повод 24. сезони на „Опра шоу“. Забавата ја направила во „својата“ улица, значи во главната, најотмена авенија на Чикаго, што ја држела затворена речиси цел ден.

На снимањето на шоуто во живо, навратиле и бројни пријатели на Опра, како што се Џенифер Хадсон, оскаровката, кој од тотална аматерка, преку ноќ стана професионална актерка и пејачка, дошол и бендот „Black Eyed Peas“ и забавата траела од 17 до 20 часот.

Стотина, ако не и илјада фанови на Опра, кои се собрале на снимањето на емисијата, танцувале на кореографијата на песната „I Gotta Feeling“, а Опра, по „спонтаниот“ танц ( всушност, изрежиран од продукцијата, наводно, без да дознае Опра), извикала: „Никогаш не сум видела нешто толку кул!“

„Чикаго трибјун“ коментирал дека кралицата Опра добила баш се' што посакувала: времето било одлично, а градските власти и' дозволиле затворање на авенијата, токму во време кога на неа и' одговара.

По големиот концерт и шоуто што се снимало во живо, Опра им порачала на оние што се бунеле поради затворањето на главната градска сообраќајница: „Одиме сите дома, утре мораме да работиме, а авенијата ’Мичиген‘ ќе биде отворена за сите оние што сакаат да мразат.“


#
Статијата е прочитана 604 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Фрустрација
Не гледајте вести пред спиење
Гел од алое вера против стрии
Панк и ретропринцези во новиот „Секс и град“
Сопственикот на „Плејбој“ се разведува
Гените виновни за зависноста
Софија Лорен има заменичка во Анџелина Џоли
Богата и колоритна музичка есен
Политичките емисии во ново руво