Број 3083  петок, 11 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

Магазин

Политичките емисии во ново руво

За неколку седмици стартуваат новите циклуси на сите политички емисии, со нов концепт и сценографија

Светлана Петковска

Крајот на летото значи дека политиката повторно ќе се актуелизира и интересот на гледачите ќе се насочи кон политичките емисии. Уредниците на овие емисии во помоќните електронски медиуми неуморно работат на новиот циклус. Некои емисиите ќе добијат нов концепт, со цел да бидат подинамични и да привлечат што повеќе гледачи. Нема да биде занемарена и публиката во искажувањето на своето мислење и ставови за политичките случувања.

Мухамед Зеќири, уредник на политичката емисија „Патот кон“, што секој четврток се емитува во 20.30 часот на телевизија Алсат М, најавува измени во циклусот што треба да почне кон крајот на септември. Се' уште е неизвесно дали емисијата ќе го задржи старото име или ќе добие друг назив. Познато е дека водител на емисијата, покрај Мухамед Зеќири, ќе биди и Боби Христов. Друг новитет е тоа што емисиите ќе се снимаат во продукцијата „Рокенрол“, за разлика од претходниот циклус, кои беа снимени во студиото на телевизија Алсат М. Покрај гостите-политичари, во емисијата ќе учествува и публиката, која ќе може да поставува прашања и да гласа за темата што се обработува. Во новиот концепт предвидено е и подготвување анкети за секоја тема. Гостите ќе се повикуваат во зависност од актуелниот настан.

Зеќири уверува дека неговата емисија е една од најгледаните, за што говори и податокот дека за време на претседателските избори гледаноста постигнала бројка од над 300.000 гледачи.

Кон крајот на септември ќе продолжи и циклусот емисии „На здравје стрижење“ со Сашо Орданоски. Терминот на оваа емисија ќе биде меѓу 21 и 22 часот, во вторник. Емисиите од новиот циклус нема да се снимаат во студио.

„Локацијата на берберницата ќе биде надвор, во природа, на плоштадот ’Македонија‘, во зависност од тоа кого треба да ’истрижам‘, односно кој ќе ми биде соговорник. Просечната гледаност на емисијата во изминатиот период беше од 20.000 до 30.000 гледачи, понекогаш и до 50.000, приближно колку и публиката на еден фудбалски натпревар“, истакнува Орданоски.

Во телевизија Алфа, пак, работат на новиот циклус на емисијата „Вин-вин“ со Оливера Трајковска. Се очекува новите емисии да стартуваат во втората половина на септември.

Трајковска вели дека нема никакви измени во концептот на емисијата, а гостите ќе се избираат во зависност од случувањата.

„На Груевски може да му падне на памет утре да организира предвремени избори“, на шега вели Трајковска. Во нејзините емисии со остри критики се соочиле Стојан Андов, Ивица Боцевски, Теута Арифи, Љупчо Георгиевски и други, кои учествуваат во креирањето на политичката сцена на Македонија.

Од 14 септември на Канал 5 стартува новиот циклус на политичката емисија „Х-0 “ со новинарот Роберт Поповски. Исто така, на оваа фреквенција ќе почне емитувањето на новиот циклус на истражувачката емисија „Код“ со Снежана Лупевска. „ Х- 0“ ќе добие и нова сценографија за да се зголеми и динамиката. Во текот на октомври се очекува да продолжи и новиот циклус на емисијата „Во центар“ со Васко Ефтов.

Четвртата сезона на емисијата „Миленко Неделковски шоу“ ќе се прикажува во нов термин, во 21.40 часот.

 


#
Статијата е прочитана 463 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Фрустрација
Не гледајте вести пред спиење
Гел од алое вера против стрии
Затворени улици за кралицата на ток-шоуто
Панк и ретропринцези во новиот „Секс и град“
Сопственикот на „Плејбој“ се разведува
Гените виновни за зависноста
Софија Лорен има заменичка во Анџелина Џоли
Богата и колоритна музичка есен