Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Климатските промени скапо ќе ги чинат земјите во развој

Бангкок - Земјите во развој ќе мораат да трошат дури 100 милијарди долари годишно во следните четири децении за да се приспособат на екстремните климатски промени, се наведува во објавениот извештај на Светска банка. Посиромашните земји ќе мораат да инвестираат во големите инфраструктурни проекти за да се изборат со поплавите, сушата, цунамито и честите и поројни дождови, доколку температурите на Земјата се зголемат за два Целзиусови степена до 2050 година, се наведува во извештајот. „Соочени со огромни дополнителни инфраструктурни трошоци, како и со сушата, болестите и драматичното намалување на земјоделското производство, земјите во развој мораат да бидат подготвени на потенцијални последици од неконтролираните климатски промени“, истакна потпретседателот на СБ за одржлив развој, Катерина Сиера.

Претходните прогнози за трошоците за приспособување на промените на климата, кои ги дадоа други групации, се движат од девет до 104 милијарди долари, но Светска банка укажува дека оваа најнова проекција претставува досега најдлабока анализа на влијанието на климатските промени.

Во извештајот се наведува распон на трошоците од 75 до 100 милијарди долари, заснован врз две различни сценарија. Првото, кое предвидува посушни услови кои ќе бараат помали инвестиции од второто, подождливото, на кое ќе му бидат потребни мерки како што се изградба на бедеми за одбрана од продирање на морската вода или длабоките канали за одводнување. „Регионите на Источна Азија и Пацификот, во кои се наоѓаат некои од земјите со најголем економски пораст во светот, ќе бидат најтешко финансиски погодени, со учество од најмалку 25 отсто во вкупните трошоци“, укажа директорот на одделот за заштита на човековата околина во СБ, Ворен Еванс. (МИА)


#
Статијата е прочитана 134 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
ММФ ни прогнозира пад на БДП од 2,5 отсто
ССМ
Најбогатите Американци осиромашија -изгубија 300 милијарди долари
Царината тактизира за „Фершпед“
Апликации за ЦЕМТ-дозволи за 2010
Петти циклус на „Студентска берза“
Даночниците расправаат за контрола во криза
Авионите на Ј��Т и натаму приземjени
Се делат поволни станбени кредити
Две понуди за шест бродоградилишта
Хотелот „Турист“ најдобар во синџирот на „Бест вестерн“
Македонија упорно гази во дефлација
Рекордна невработеност во еврозоната
Грчка авиокомпанија „Македонски авиолинии“
Банката на Словенија прогнозира пад од 6,7 отсто