01.10.2009, 17:58 Хотелот „Турист“ најдобар во синџирот на „Бест вестерн“
Хотелот „Турист“ од Скопје ја освои наградата во рамки на контролата за хотелски стандарди и квалитет на светскиот синџир „Бест вестерн“ во конкуренција на 76 хотели. Хотелот го добива признанието по седми пат. Контролата за стандарди за квалитет се врши секоја година од страна на надворешна компанија во сите хотели на „Бест вестерн“, со цел да се стимулираат сите хотели од синџирот да постигнат повисоко ниво на професионалност и квалитет на услуги. (МИА) |