Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Македонија упорно гази во дефлација

Нина Нинеска-Фиданоска


И во септември Македонија продолжила да гази во дефлација, достигнувајќи стапка од 1,4 проценти. Поточно, според последните податоци на државната статистика, трошоците за живеење во земјава во септември годинава во однос на истиот месец минатата година се намалиле за 1,4 отсто. Како што е познато, трошоците за живеење во Македонија се сметаат како релевантен показател преку кој се мери стапката на инфлација или на дефлација.

Инаку, септември е четврти месец по ред во кој Македонија регистрира дефлација. Па, така, оваа појава беше забележана и во август, кога во однос на истиот месец лани трошоците за живеење беа исто намалени за 1,4 отсто, потоа во јули, кога имаше пад на трошоците за живеење за 1,3 проценти, како и во јуни, кога дефлацијата изнесуваше 1,7 отсто. Во мај имаше блага инфлација од само 0,4 отсто, а во април, исто така, беше регистрирана дефлација од 0,5 проценти.

Ако се погледне движењето за периодот јануари-септември 2009 година во однос на истиот период минатата година, излегува дека кумулативната стапка на дефлација е 0,4 проценти.

Инаку, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека трошоците за живеење во септември во однос на август се пониски за 0,1 отсто, а цените на мало се пониски за 0,5 проценти.

Притоа, за септември на едно четиричлено домаќинство за потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци му биле потребни 11.728 денари, што во однос на август е за 0,8 отсто помалку.

Намалувањето на трошоците за живеење е резултат на пониските цени на овошјето за 7,5 проценти, мастите за три отсто и рибата и други прехранбени производи за 0,7 отсто. Во септември намалување е забележано и кај материјалите за одржување на станот за 0,8 отсто, козметичките производи и услугите за образование за 0,4 отсто и мебелот и средства за образование за 0,3 проценти. Пораст е забележан кај зеленчукот за 3,3 проценти, кај нафтените деривати за 2,3 отсто, цврстите горива за 1,9 проценти, сообраќајните средства за 1,7 отсто, лековите за 0,4 отсто и обувките за 0,3 проценти.

Според економистите, дефлацијата е состојба во економијата кога расположливите количества пари се помали од понуденото количество стоки и услуги. Поради тоа, доаѓа до намалување на општото ниво на цените. Во тој случај, со истата плата може да се купат поголем број исти производи во однос на претходно.

За потрошувачите тоа е поповолна варијанта отколку инфлацијата, меѓутоа, за производителите дефлацијата може да биде погубна, затоа што таа ги намалува нивните приходи. Доколку се избира меѓу две зла, се смета дека умерената инфлација е подобра и може да го стимулира економскиот развој. Дефлацијата задолжително води кон рецесија, бидејќи не се продаваат стоките и услугите, или, пак, тие се продаваат по пониски цени за да не дојде до загуби. Затоа се отпуштаат и работници, што дополнително води кон натамошна дефлација. Од овие причини дефлацијата е неколкупати потешка од состојбата на инфлација.

Одделни експерти сметаат дека дефлација што се движи во рамки од нула до еден отсто не е проблематична дефлација.


#
Статијата е прочитана 554 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
ММФ ни прогнозира пад на БДП од 2,5 отсто
ССМ
Најбогатите Американци осиромашија -изгубија 300 милијарди долари
Царината тактизира за „Фершпед“
Апликации за ЦЕМТ-дозволи за 2010
Петти циклус на „Студентска берза“
Даночниците расправаат за контрола во криза
Авионите на ЈАТ и натаму приземjени
Се делат поволни станбени кредити
Две понуди за шест бродоградилишта
Климатските промени скапо ќе ги чинат земјите во развој
Хотелот „Турист“ најдобар во синџирот на „Бест вестерн“
Рекордна невработеност во еврозоната
Грчка авиокомпанија „Македонски авиолинии“
Банката на Словенија прогнозира пад од 6,7 отсто