Апликации за ЦЕМТ-дозволи за 2010
Македонските камионски транспортери од вчера до 15 октомври можат да аплицираат по електронски пат за добивање ЦЕМТ-дозволи, неопходни за превоз во меѓународниот патен сообраќај за в година. Во тек е и рокот за аплицирање за изготвување поединечен план, како резервација на транспортни дозволи за наредната година за превоз на стоки. Вкупно ќе се распределат 886 ЦЕМТ-дозволи, од кои 355 ЦЕМТ-дозволи за ЕКО 3 возила и 531 ЦЕМТ-ови за ЕКО 4 и ЕКО 5 возила. Опфатени се и 102.230 поединечни дозволи (билатерално транзитни, универзални, за трети земји и од трети земји). Според Министерството за транспорт и врски, за дозволите можат да конкурираат сите трговски друштва кои имаат лиценца за јавен превоз и друштвата кои вршат превоз за сопствени потреби. (МИА) |