Авионите на ЈАТ и натаму приземjени
Белград - Авионите на националната авиокомпанија ЈАТ нема да летаат и понатаму затоа што се'уште нема договор меѓу „ЈАТ ервејз“ и „ЈАТ-техника“ за помирување на обврските, кои авиокомпанијата ги има кон Техника. Генералниот директор на ЈАТ, Срѓан Радовановиќ, вели дека нема пари за да се врати долгот, а техничарите во тоа не веруваат. Според него, решението би било можно доколку „ЈАТ ервејз“ основа сопствена служба за одржување на авионите, за која верува дека би можела да профункционира за еден ден. „Јат-техника“ е одвоена од авиокомпанијата во 2005 година. (МИА) |