Број 3464  четврток, 23 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

„Диригент“ ја среди франкфуртската мафија

Во земјава се уапсени 29 членови на мафијата. Акцијата трае и во Германија и во Австрија

Горан Адамовски

Триесетина припадници на тн „Франкфуртска мафија“ се уапсени во вчерашната акција на полицијата во неколку градови низ земјава. Вчерашната акција „Диригент“,
спроведена во соработка со австрискките и германските служби, е продолжение на "Велес" што на почетокот од 2009 година беше реализирана во Австрија и во Германија.

Апсењата започнаа вчераутро во Велес, Свети Николе, Гевгелија и во Скопје, при што биле приведени 29 македонски државјани, за кои има индиции дека се дел од „Франкфуртската мафија“, која се занимава со
трговија со дрога, перење пари и сл.

„Пронајдени се поголема количина пари во готовина (главно евра) и помала количина дрога“, соопштија
од МВР. Уапсените биле однесени на распит во полиција, по што се очекува нивен распит пред истражен судија и кривични пријави.

Според неофицијалните информации што беа објавени во медиумите, меѓу уапсените се и велешанецот Зоран Манасков - Скршениот, кој заедно со Јордан Јодрановски - Ркулот, кој беше убиен во неодамнешното трикратно убиство во скопската населба Аеродром, се сметаа за водачи на оваа криминална група. Во ланската акција, Ркулот и Скршениот беа осомничени дека врбувале свои
сограѓани да продаваат дрога во Австрија и во Германија, но не беа обезбедени доволно докази за тоа.

Паралелно со акцијата во Македонија, операцијата „Диригент“ се одвиваше и во Австрија и во Германија, каде изминативе денови беа приведени неколку лица. За денеска, тамошните служби најавија прес-конференција.


#
Статијата е прочитана 1239 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 23.12.2010 16:06:49
DAli ke i se sudi na kriminalcite. DAli voopste treba da se razmisluva za toa. Se nadevam deka e vreme da platat za mladite zivoti sto gnijat vo zatvorite vo germanija i avstrija a tie bez troska sovest ziveat raskosno.
Од: todor
Датум: 24.12.2010 08:58:25
Се зголеми сега сиромаштијата во Велес или ќе се јават нови газди на нивните места. Па последниве години Велес живееше од нив. Тие беа луѓето кои нешто трошеа во градот, тие беа луѓето кои нешто купуваа во градот тие беа луѓето кои вешто соработуваа со нашата полиција и политичари. Што сега, нема ли да има дрога, нема ли да се продава дрогата. Што сега со зависниците кои од тоа што немаа што да прават се препуштаа на алкохол и дрога. Сега ќе одат во фабриките на работа, сега ќе живата мирно и берзгрижно бидејќи имаат бесплатно здравство. Дали со ова се решија проблемите во државата?
Од: mene
Датум: 24.12.2010 09:11:29
Ova e pretstava za narodot. Glavnite vo frankfurtskata mafija slobodno si se setaat, a onie sto gi fatija im se samo sitni potrckovci. Za zal, mora MVR da pokaze deka demek nesto raboti. Vo mojot grad site im se smeat....

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (12)
Нема абер од вештачењето за хеликоптерот
Скапо, поскапо, најскапо
Исчезнатиот Дарко Ангелески пронајден мртов
Даночната амнестија не е според мој вкус
Пропаѓа ХПВ-вакцинацијата кај девојките
Феноменологија 2
Мајка и ќерка убиени во Куманово
Уште еден месец за купување дворови
Карикатура
Британците ги тужат поп-принцезите зашто се пресекси
Двајца Македонци уапсени во Риека
Работниците под пресија, мобингот удара како камшик
Граѓаните во акција „Од децата за децата“
Македонските ракометари го победија Египет
Замислете желба
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks