Број 3464  четврток, 23 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Нема абер од вештачењето за хеликоптерот

Британскиот експерт Едвард Пули бара документи и време за да ја заврши експертизата до март

Даниела Трпчевска



Странската експертиза за вештачењето на армискиот хеликоптер, кој се урна кај катлановско Блаце, нема најави дека наскоро би можела да биде готова. Британскиот експерт Едвард Пули, кој беше задолжен да го изврши вештачењето, по трет пат од скопското Обвинителство побарал дополнителни информации за да се комплетира експертизата. Бидејќи станува збор за документи од доверлива природа, неодамна претставник на Јавното обвинителство му ги доставил лично на рака во Лондон. Притоа, како што дознаваме, британскиот воздухопловен експерт побарал нова рунда документи, но и дополнително време за да ја заврши обемната експертиза за падот на „Ми-17“ до март идната година.

„Вештакот Едвард Пули бара дополнителни документи, кои не се класифицирани и во најкраток можен рок ќе му бидат испратени во Лондон. Има најави дека експертизата би можела да биде готова до март идната година. Досега имаше неколку барања од негова страна за да му бидат дадени тајни документи. Во постојан контакт сме со него за да му ги обезбедиме сите материјали“, велат извори од Обвинителството.

До кога ќе трае вештачењето и кога Македонија конечно ќе го добие експертското мислење за причините за падот на „Ми-17“, засега никој не знае.

Извори од Обвинителството велат дека се должни да им излезат во пресрет на барањата на Пули, кој за сума од 55 илјади фунти беше задолжен за странската експертиза. Пролетва тој доби рок од три месеци за да го комплетира вештачењето за трагедијата кај катлановско Блаце, во која пред три години загинаа 11 мировници на АРМ. Оттогаш рокот неколкупати беше пробиен, но од Обвинителството велат дека ќе му остават доволно време и простор на експертот, со цел да се детектира вистинската причина за несреќата.

Во меѓувреме, се врши уште едно вештачење во земјава, дали имало обид за влез во хангарот на АРМ, во кој се чуваат деловите од паднатиот хеликоптер. На 12 јануари ќе се обележат три години од кобната несреќа, но случајот се уште е во предистражна постапка. Три комисии една година ги бараа причините за падот на хеликоптерот и ја лоцираа одговорноста, но тоа не беше доволно за да биде поведено обвинение. По барање на јавниот обвинител Љупчо Шврговски беше побарана странска експертиза, за што беше задолжен воздухопловниот експерт од Лондон, Едвард Пули.


#
Статијата е прочитана 791 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (12)
Скапо, поскапо, најскапо
Исчезнатиот Дарко Ангелески пронајден мртов
Даночната амнестија не е според мој вкус
Пропаѓа ХПВ-вакцинацијата кај девојките
Феноменологија 2
„Диригент“ ја среди франкфуртската мафија
Мајка и ќерка убиени во Куманово
Уште еден месец за купување дворови
Карикатура
Британците ги тужат поп-принцезите зашто се пресекси
Двајца Македонци уапсени во Риека
Работниците под пресија, мобингот удара како камшик
Граѓаните во акција „Од децата за децата“
Македонските ракометари го победија Египет
Замислете желба
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks