Брoj 2647  четврток, 27 март 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Свечено врачена наградата „Роман на годината“ нa Блаже Миневски


Главниот уредник на „Утрински весник“, Љупчо Поповски ја врачи плакетата на лауреатот Блаже Миневски

Романот „Нишан“ е деветтиот добитник на високото литературно признание

Невена Поповска

Наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, вчера со пригодна свеченост која се одржа во хотелот „Холидеј Ин“ му беше врачена на годинешниот лауреат, Блаже Миневски, кој наградата ја доби за романот „Нишан“, издание на „Макавеј“ од Скопје. Свеченоста, која по деветти пат се одржува по повод доделувањето на престижното литературно признание што го доделува „Утрински весник“ со своето присуство ја збогатија истакнати личности од политичкиот и културниот живот на земјава. „Утрински весник“ уште еднаш организираше прзник на книгата и со тоа ја потврди својата заложба да биде активен чинител во културниот живот на земјата, еден од креаторите на културната политика, а не само вообичаен проследувач на настаните.


Претставници на политичкиот и на културниот живот на земјава со внимание го проследија доделувањето на наградата на „Утрински весник“

Наградата ја додели жири-комисијата во состав: Митко Маџунков, претседател, Кристина Николовска, Зоран Анчевски, Ермис Лафазановски и Ѕвездан Георгиевски. Пред присутните образложението на одлуката го презентираше претседателот на комисијата, Митко Маџунков. Плакетата од името на Редакцијата на авторот му ја врачи Главниот уредник на „Утрински весник“, Љупчо Поповски, кој подвлече дека наградата е врсник со весникот и дека денеска таа не само што прерасна во традиција туку и се институционализира. Од самиот почеток, продолжи Поповски, на востановувањето на наградата до денеска секоја година имаме грандиозна продукција на романи, но несомнен е фактот дека ова признание дава силен придонес во развојот на македонската литература. Сите досега наградени романи доживеаја повеќе изданија и добија домашни и меѓународни награди. Сите автори веќе афирмирани, а оние непознатите доживеаја дополнителна афирмација. Секој награден роман има свој живот, по некои од нив се снимаат филмови, се поставуваат драми, непрекинато течат нивните изданија. Ова и за нас како Редакција претставува признание и за етаблирањето на „Утрински весник“ во високо професионален дневен весник и со високи етички ��тандарди кој се повеќе својот дополнителен имиџ го бара во културата, во творештвото.“


Душко Кантарџиев од „T-mobile“ на Миневски му го врачи вредносниот ваучер во износ од 150.000 денари

Партнер на „Утрински весник“ во овој проект и покровител на наградата „Роман на годината“ традиционално е „T-mobile“ и од името на оваа компанија ваучерот од 150.000 денари го врачи Душко Кантарџиев, главен извршен директор за ИТ комуникации.


Академик Блаже Ристовски во друштво на двајца лауреати на наградата „Роман на годината“: Оливера Николова и Блаже Миневски

Заблагодарувајќи се за значајното признание, Блаже Миневски подвлече: „Да се добие награда што се нарекува „Роман на годината“ е големо признание, но и голема обврска. Признание-затоа што авторот добива едногодишна валидна тапија дека навистина напишал најдобар роман, а обврска затоа што тапијата мора да важи барем една година, зашто каков е тој роман на годината што ќе се заборави уште пред да истече годината на неговата претпоставена слава. Од друга страна, наградата за мене е уште поголема, а обврската уште потешка, и затоа што е добиена во конкуренција со два одлични романа на двајца наши врвни писатели, досегашни добитници на ова престижно признание на „Утрински весник“.“

Извадоци од романот „Нишан“ читаа актерите Ѓорѓи Јолевски и Лабина Митевска, а градоначалничката на општина Центар, Виолета Аларова традиционално на лауреатот на наградата на „Утрински весник“ му додели слика од Скопје. Тоа го стори и годинава, кога на Блаже Миневски му подари гравува на Камениот мост во Скопје.


Претседателот на Македонскиот ПЕН центар, Ристо Лазаров му честита на Блаже Миневски за постигнатиот успех


Статијата е прочитана 222 пати.

Испрати коментар

Од: Od Strumica
Датум: 27.03.2008 00:19:34
...Nagradata otide vo vistinski race.Konecno i vo Makedonija pocna da se ceni i pocituva kvalitetot.Neka mu e cestito na g-n Blaze i neka prodolzi taka....Romanot e stvarno fantasticno nesto....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Грците се смешни, но компромис треба да се направи
Атина разочарана од најновиот предлог
Карикатура
Зденко
Сите го охрабруваат Груевски да го прифати предлогот на Нимиц
Нема с(о)вест за плаќање струја
Груевски резервиран – сака референдум
Четворица повредени во експлозија на автомобил-бомба во Драчево
И рекламите убиваат
БиХ - Македонија 2
Коичиро Мацура вети помош во заштитата на културното наследство
Пепи Бафтировски бара помош да се врати дома
Мајски договор vs. мартовска изјава
Свирепо убиена 55-годишна жена
Арачиновци побрзаа да ги платат сметките и добија струја
Време е за „големата жаба“
Никола Димитров
Verbatim