Брoj 2647  четврток, 27 март 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Мајски договор vs. мартовска изјава

Ермира Мехмети

За среќа на граѓаните на Македонија, државата ќе влезе во НАТО и без договорот на Мендух Тачи

Враќањето на ДПА во Владата (од која формално никогаш и не си замина) не ја решава политичката криза во Македонија. Кризата, за жал, ќе продолжи да ја тресе нашата политичка сцена и по самитот на НАТО до чие одржување останува помалку од една недела. ДПА не се „враќа“ во Владата поради некаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, туку се враќа откако стана кристално јасно дека оваа политичка партија ризикува да ја запечати сопствената иднина под епитетот „попречувач на зачленувањето на Македонија во НАТО“.

Објавувањето на постигнатиот договор меѓу коалициските партнери постави повеќе дилеми. Основна меѓу нив, без сомнение, е дилемата што правела ДПА во Владата 19 месеци? Потоа, јавноста мора да се праша од кои позиции разговараат ВМРО-ДПМНЕ и ДПА? Зарем на формирањето заедничка влада не и' претходело дефинирање на заедничка платформа за владеење и утврдување на приоритетите кои ќе се решаваат за четири години? Нејасно е и прашањето каде се водат овие „преговори“ меѓу партнерите: во Владата, во Собранието или во некоја друга просторија? Доколку се тргне од претпоставката дека партнерите се среќаваат секојдневно во најразлични формати во рамките на институциите со кои раководат, навистина станува нејасно каков формат има оваа нова форма на комуникација за која дознавме од партиските штабови во неделата навечер?

Која е разликата меѓу мајскиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, и изјавата на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА? Дијалогот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ стартуваше во еден многу важен политички момент. Тоа беше периодот кога Европската комисија и, воопшто, меѓународната заедница инсистираа Владата на Македонија да воспостави политички дијалог со опозицијата. Овој дијалог меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ беше основан врз принципите претставени од страна на ДУИ како дел од политичката агенда понудена за разговори меѓу лидерите од власта и опозицијата во ноември 2006 година. ДПА на овие средби не понуди никаква платформа ниту предлог-решение за прашањата по кои трумпетира деновиве. Како резултат на политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата беше постигнат мајскиот договор кој има пишана форма, а чинот беше осведочен од страна на претставници на амбасадата на САД и Мисијата на ЕУ во Скопје. Ниту формата, ниту содржината на мајскиот договор не ��е исти со барањата содржани во изјавата на ДПА.

Многу брзо мајскиот договор беше признат како политички критериум за членство на Македонија и во НАТО и во Европската унија. Барањето за негово спроведување беше иницирано и од генералниот секретар на НАТО, г. Шефер, и од американскиот амбасадор во НАТО, г-ѓа Нуланд, и од еврокомесарот за проширување, г. Рен, и од високиот американски дипломат г-ѓа Розмари ди Карло. Европскиот парламент дури усвои резолуција во која јасно се наброени обврските од мајскиот договор и неопходноста од негово целосно и доследно спроведување.

Мајскиот договор предвидува усвојување закон за Комитетот за односи меѓу заедниците; усвојување листа закони кои ќе се гласаат според Бадинтеровиот принцип, законско решение за службената употреба на албанскиот јазик; решение на статусот на учесниците во конфликтот, како и разгледување на методите на избор на Владата. Изјавата на ДПА, пак, претставува партиска агенда арогантно наметната на владиниот партнер, но и на јавноста само две недели пред самитот на НАТО. Оваа изјава предвидува во иднина формирање работни групи кои ќе работат на прашањето на јазикот и статусот на учесниците во конфликтот. Единствената јасна работа од изјавата, всушност, е согласноста на ДПА хашките случаи да бидат процесуирани од домашните судови. Оваа согласност е целосно спротивна на барањето на ДПА овие случаи веднаш да бидат затворени од страна на Владата. ДПА , исто така, објави дека се договорила за подобрување на правичната застапеност. Бесмислица! Две години по доаѓањето на власт на господата им текнало дека потфрлиле сериозно во подобрувањето на процентуалната застапеност на Албанците во институциите, па сега ќе барале акциона програма! Јавноста има целосно право да се прашува дали правичната застапеност како уставна обврска пропаднала комплетно? Што се однесува до признавањето на независно Косово, мора да се истакне дека станува збор за сериозен политички аматеризам демонстриран преку обидите на ДПА политички да поентира ставајќи го признавањето на Косово од страна на државата во сопствената партиска агенда и претворајќи го во политичко пазарење меѓу партнерите.

Добрата страна на оваа изјава е веројатно тоа што преку неа ВМРО-ДПМНЕ, всушност, добива прилика да ги чуе барањата на ДПА кои, очигледно, досега немала можност да ги чуе. Со своето уценувачко однесување во овие две недели ДПА единствено покажа дека досега немала сопствена агенда. Сега таа се обидува договорот од мај да го претвори во сопствен успех, инсистирајќи дека тој е ништовен, но во исто време препишувајќи ја неговата содржина на хартија отпечатена со лого на ДПА. Но, челниците на оваа партија забораваат дека мајскиот договор ги обврзува страните да разговараат и за методот на избор на влада. ДПА се плаши да го спомне прашањето на избор на влада, бидејќи тоа е нејзиниот најголем хендикеп, тоа е причината поради која ДПА се маргинализира до пропаст. Оваа партија не може да заборави со какви принципи влезе во коалицијата и од тие причини повеќе не држат поплаките на ДПА дека во коалицијата ништо не функционирало. Останува единствено заклучокот дека „договорот“ за „враќањето“ на ДПА во Владата претставува наметнување на една нејасно дефинирана агенда од страна на ДПА спроти предвремените избори на кои, свесна за сопствените неуспеси, партијата и дефинитивно ќе ја добие осудата од гласачите.

За среќа на граѓаните на Македонија, државата ќе влезе во НАТО и без договорот на Мендух Тачи. Потоа ќе треба да се прашаме: за кого работи ДПА?

(Авторката е магистер по компаративна политика)


Статијата е прочитана 692 пати.

Испрати коментар

Од: realen
Датум: 27.03.2008 00:54:06
Taci kao da bara nesto, Gruevski kao da saka da ispolni nekoe baranje. Ke ispadne na kraj kakao-drzava:)
Од: Mislenje
Датум: 27.03.2008 01:24:26
Se slozhuvam so mislenjeto gospogice Memeti. Treba ushte mnogu da se raboti na usoglasuvanje na " zhiveenjeto" vo RM. Sekako deka ke vlezeme vo NATO. Toa e vo Agendata na SAD, a drug izlez nema. Neli e poshteno da se reshat konechno site dilemi i nedorazbiranja i za nas iza svetot okolu nas. Mora da se reshat 4-te sluchai od Hah preku instituciite na drzhavata, za da ne se ostava mozhnost za shpekulacii. A za toa dali ima vina ili ne, ne smee da se donesuva politichka odluka. Zarem nevinovnite se plashat od sudenje? Treba na tie kaj shto sakaat da ne primat, da im pokazheme oti sme zreli za demokratija i za nivni partneri. A ako nekoj zgreshil, normalno e i da odgovara. Toa e vpodavanje raka za zaednichki sozhivot. Pozdrav!
Од: pacifist
Датум: 27.03.2008 10:42:41
go v'tevme, go v'tevme i opaaaa mali Glujo premier :)
Од: nejasnotija
Датум: 27.03.2008 11:12:42
Avtorkata veli: "Со своето уценувачко однесување во овие две недели ДПА единствено покажа дека досега немала сопствена агенда". Ne mi e jasno, ne i se dopagja toa sto DPA se sluzi so takvi metodi kako ucena voopsto, il, pak, smeta deka na ucenite kopirajt ima samo DUI. Zasto DUI osven so uceni so drugo i ne se zanimava.
Од: Pero mandzata
Датум: 27.03.2008 11:37:59
E duri sega se gleda zosto albancite baraat posrednik vo razgovorite. Bidejci nasite politicari mislat deka vo cetiri oci sto ce kazat ne mora da go ispolnat. Zatoa gospoda politicari prvo promilsete, napisete si go toa, pa duti potoa ako mislite deka e vo red kazate go.
Од: мами
Датум: 27.03.2008 15:35:00
Овие од ДУИ навистина не можат да преболат што останаа во опозиција.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Грците се смешни, но компромис треба да се направи
Атина разочарана од најновиот предлог
Карикатура
Зденко
Сите го охрабруваат Груевски да го прифати предлогот на Нимиц
Свечено врачена наградата „Роман на годината“ нa Блаже Миневски
Нема с(о)вест за плаќање струја
Груевски резервиран – сака референдум
Четворица повредени во експлозија на автомобил-бомба во Драчево
И рекламите убиваат
БиХ - Македонија 2
Коичиро Мацура вети помош во заштитата на културното наследство
Пепи Бафтировски бара помош да се врати дома
Свирепо убиена 55-годишна жена
Арачиновци побрзаа да ги платат сметките и добија струја
Време е за „големата жаба“
Никола Димитров
Verbatim