Web Special
БиХ - Македонија 2:2
Во пријателскиот фудбалски натпревар, што се одигра вчера на стадионот „Билино поле“ во Зеница, нашите репрезентативци ремизираа со репрезентацијата на Босна и Херцеговина со 2:2.
Најпрвин во водство дојде домаќинот со голот на Дамјановиќ во 17. минута, а по само две минути истиот играч го постигна и вториот гол за својата репрезентација. Покрај високото водство на домаќинот, нашите репрезентативци не изгубија мотив за победа и со головите на Мазнов во 43. и 45. минута го изедначија резултатот.
За разлика од првото динамично полувреме, вториот дел од натпреварот помина без многу сериозни удари на головите, па резултатот остана ист до крајот на мечот.
Повеќе во следното издание
Во овој број и: Младата селекција на Македонија вчера во Куманово славеше над Швајцарија со 2:1 |