Брoj 2647  четврток, 27 март 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Коичиро Мацура вети помош за културното наследство

 

Висока делегација на УНЕСКО предводена од генералниот директор во посета на земјава

Катерина Богоева

Високата делегација на УНЕСКО предводена од генералниот директор Коичиро Мацура која престојува во дводневна официјална посета на земјава, по повод синоќешното отворање на Регионалниот центар за дигитализација на културното наследство сместен во Музејот на современата уметност, вчера оствари средби со премиерот Никола Груевски и Министерот за култура Арификмет Џемаили. На средбата на високиот гостин и водечките личности од Регионалното биро за наука и култура – БРЕСЦЕ во Венеција, во Министерството за култура им беше изразена благодарност за укажаната помош и разбирање при реализацијата на иницијативите на Македонија во рамките на УНЕСКО, а гостите беа запознаени со тековните активности поврзани со проектите за заштитата на културното наследство.

На средбата во Министерството за култура преставници на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата го соопштија и името на носителот на Меѓународната поетска награда на Струга, која ја доделуваат заедно УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата. Годинешната награда и е доделена на книгата „Лесно ми е да бидам полоша“ од младата поетеса Антонија Новаковиќ.

„Со преставниците на Министерството за култура зборувавме за начините за зајакнување на соработката во областа на културата и културното наследство меѓу УНЕСКО и вашата земја. Освен заштитениот Охрид, имаме добиено уште два предлога за ставање на листата на заштита, а јас ветив дека експертите на УНЕСКО и на БРЕСЦЕ ќе им помогнат на вашите луѓе за тоа и да се реализира“ -изјави Мацура и посочи дека очекува од земјава да се поднесат и предлози за заштита на нематеријалното културно наследство, за одредени ремек дела, што земјава со оглед на зачуваното богатство и ги поседува.

Отворениот Регионалниот центар за дигитализација на културното наследство ќе работи на поврзување на национално, а потоа и на регионално ниво на сите институции од доменот на заштитата на културно наследство.


Статијата е прочитана 376 пати.

Испрати коментар

Од: vlado
Датум: 27.03.2008 10:19:32
За време на претходното практикување на власт од стана на ДПМНЕ куќата на Љубчо беше прогласена за споменик на културата и ставена под заштита на државата,кој од становите на Грујо е на ред сега ги има многу никнуваат како печурки.Можеби ке ја заштитат бистата на Александров чие поставување јавно не го осудија а тајно го подржаа,или статуите пред владата кои со идиотска одлука ги поставија.Од заштита на спомениците кои Македонија ги има во голем број највероватно нема да има ништо највероватно по обоичај до крај ке се исполитизира работава а и дел од тоа богатство е добро и за бизниси трговии и дебели пари.Познавајки ги актуелнив сигурно ќе се обидат со селктивен пристап да влијаат да извршат нов обид за бугаризација односно ќе бараат инструкции од Софија и принципот шприцер нормално ќе го задржат пола Кољо пола Тачи.Секоја чест на УНЕСКО но со оваа консталација на власт ништо нема да се постигне за заштита на спомениците,а по праксата која владее дебели пари ќе легнат во нечиј џеп

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Грците се смешни, но компромис треба да се направи
Атина разочарана од најновиот предлог
Карикатура
Зденко
Сите го охрабруваат Груевски да го прифати предлогот на Нимиц
Свечено врачена наградата „Роман на годината“ нa Блаже Миневски
Нема с(о)вест за плаќање струја
Груевски резервиран – сака референдум
Четворица повредени во експлозија на автомобил-бомба во Драчево
И рекламите убиваат
БиХ - Македонија 2
Пепи Бафтировски бара помош да се врати дома
Мајски договор vs. мартовска изјава
Свирепо убиена 55-годишна жена
Арачиновци побрзаа да ги платат сметките и добија струја
Време е за „големата жаба“
Никола Димитров
Verbatim