10.04.2012, 16:42 Естрадата на добротворен велигденски концерт
Под мотото „Да ја разбудиме хуманоста“, на 16 април, понеделник, во спортската сала „Парк“ во Струмица ќе се одржи велигденски добротворен концерт на кој ќе настапат повеќе пејачи, како и неколку локални изведувачи и групи.
Македонската естрада ќе пее за доградба на соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица, а на концертот ќе настапат: Каролина Гочева, Влатко Лозаноски, „Браво бенд“, Дани, Тони Зен, Бени и „Нонстоп“, Ленче и Горан Кукиќ со групата „Јупитер“, Александар и Дејан Јованов, Тони, Мац и Кире ПХ 7...
Домаќини на програмата ќе бидат познатата ТВ и радиоводителка Здравкица Билбиловска од Метрополис радио и мегапопуларниот српски актер и ТВ-водител Милан Калиниќ, кој специјално за оваа прилика ќе допатува од Белград по покана на организаторот, но и на неговите стари соработници и пријатели од групата „Браво бенд“, менаџерот Антонио Димитриевски и басистот и вокал Живко Динев-Жика.
|