04.09.2008, 15:02 Ева Нединковска учи џез-пеење
Младата пејачка Ева Нединковска во последно време се' повеќе се врти кон џез-пеењето и со таа цел има интензивни подготовки во студиото „Парамециум“. Повод за новата музичка ориентација на Ева се заедничките настапи со браќата Тавитјан, како и подготовката за претстојниот концерт во Лондон, каде што ќе пее нивни композиции во џез, фјужн и етноџез манир. Сепак, да нема забуни- Ева си останува верна и на својата примарна определба поп- музиката и веќе го подготвува својот нареден проект. „Работам како што ме води инспирацијата. Има неколку готови мелодии и текстови, станува збор за посериозен и позрел музички проект“, истакнува Нединковска.
Патем, за сите љубители на нејзината музика, в недела (7 септември), со почеток во 23 часот, Ева ќе настапи во ноќниот клуб „Famous Funky Club“ (ТЦ „Амам“), каде што ќе пее актуелни теми од албумот „Талисман“, како и некои од познатите фанр/ар-ен-би/соул и рок-хитови. |