Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Забава
04.09.2008, 15:01

Евровизија се соочува со потенцијален бојкот

Руско-грузискиот конфликт би можел да влијае врз организацијата на наредното евровизиско издание што треба да се одржи во Москва во 2009

Наредното издание на изборот за Песна на Евровизија што во 2009 година треба да се одржи во Москва, благодарение на победата на Дима Билан во Белград, би можело да биде „жртва“ на руската инвазија на Грузија, пишува британскиот весник „Телеграф“, објавувајќи дека балтичките земји: Естонија, Литванија и Латвија би можеле да се повлечат од шоуто.

Според гласањето неодамна спроведено во Естонија, јавноста во земјата го поддржува откажувањето од изборот, а притисокот за повлекување расте и во Полска.

- Мора да постои солидарност со Литванија и Латвија со која ќе покажеме консолидирана поддршка за Грузија, изјави министерот за култура на Естонија, Лаине Јанес.

Од друга страна, пак, организаторот на „Евросонг“, Европската радиодифузна унија (ЕБУ), изјави дека не смее да се дозволи конфликтот во Грузија да го уништи натпреварот.

- Овие две работи не смеат да се поврзуваат. Ние организираме неполитички настан и ако земјата-домаќин е во состојба да ја обезбеди безбедноста на учесниците, нема причина зошто да не и' биде дозволено да го организира финалето, изјави Сванте Стокселиус, прв човек на „Евросонг“.

Потенцијалниот источен бојкот е уште еден проблем за првите луѓе на „Евросонг“, кои веќе се борат со забелешките на земјите од Западот околу гласањето и нивните шанси за победа на изборот кои, како што велат, речиси и да не постојат.

Долгогодишниот британски евровизиски коментатор, седумдесетгодишниот Тери Воган минатиот месец објави дека ќе се повлече по 37 години коментирање на изборот зашто е изморен од „политичкото гласање“ на најголемиот музички натпревар.

 


Статијата е прочитана 1237 пати.

Испрати коментар



Како импулсот води до задоволство или уништување
Лили Ален со навреди за сер Елтон Џон
Свадба на мајмуни во Кина
Двоен живот на Душко Георгиевски
Пилева ќе пее во Велес за 8 Септември
Ева Нединковска учи џез-пеење
Руски милијардер и' подарува вила на Мадона
Печатена телевизија
Милионска забава или сериозно нарушување на приватноста
Јужњачки рокенрол Исус
04.09.2008, 14:16

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Обилни врнежи

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 26°C, Мин: 11°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |