04.09.2008, 15:02 Пилева ќе пее во Велес за 8 Септември
По повод Денот на независноста на РМ, пејачката Александра Пилева ќе настапи на Градскиот плоштад во Велес, каде што традиционално, со пригодна програма секоја година се прославува 8 Септември. Пилева ќе одржи концерт во живо, а ќе ја придружува нејзиниот бенд „Мајка“. Еден ден порано (7 септември) пејачката ќе има и настап на плоштадот во Кавадарци во склоп на традиционалната прослава по повод Денот на гроздоберот. |