Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Забава
04.09.2008, 14:08

Магазин

Милионска забава или сериозно нарушување на приватноста

Во последно време се' поактуелна станува Интернет реалната телевизија

Ивона Саздовска

Во подемот на виртуелната технологија, која се' повеќе станува опасно заразна за милиони луѓе на планетава, почнува сомневањето дека Интернетот можеби на моменти и не е толку интересна играчка што умее да забавува.

Наспроти кабелските и сателитските програми кои од ден на ден се' повеќе ги има, при што целна група се ТВ-зависниците кои уживаат да го држат далечинскиот управувач и да шетаат низ светот од својата фотелја, во последно време станува актуелна и Интернет реалната телевизија која овозможува во даден момент преку својот компјутер глобално да се поврзете со одредена светска локација.

Она што се нуди се различни места на кои одредена група луѓе имаат заедничка цел. Значи, рестораните, ноќните клубови, дискотеките, кафе-баровите, компаниите, големите супермаркети и уште многу други објекти се под будно око на милионскиот аудиториум.

Навидум станува збора за убава виртуелна игра во која сите се забавуваат и уживаат, но, според мислењата на компјутерските стручњаци, тоа е најлошата форма на непочитување на приватноста и злоупотреба на технологијата.

Замислете само еден ден да се сте дел од ваквата реална програма, каде што кој било Интернет-корисник има право да ве набљудува, а притоа и воопшто да не сте свесни за тоа.

Ваквиот виртуелен експеримент може да биде и крајно непријатен, бидејќи секојдневните ситуации може да бидат и крајно непријатни.

Во одреден момент настануваат расправии, физички пресметки, па во најлош случај и убиства за кои може да биде сведок кој било компјутерски зависник на која било точка од Земјината топка.

По малку иронично, зародокот на оваа идеја потекнува од американското реално шоу „Големиот брат“, кое создаде вистинска еуфорија во светот, а неговите сопственици успеаја да ја продадат лиценцата во речиси сите европски земји, додека во САД за потребите на шоуто е отворен и специјален канал кој има дваесет и четиричасовна поддршка за поголема прегледност на случувањата во куќата.

Логично прашање што се поставува е зошто некој би ја продал својата интима пред целата нација, изложувајќи се подоцна на разни коментари и критики, кои во повеќето случаи се покажале како негативен ефект по враќањето на членовите од шоуто на секојдневјето, во кое возбудувањата и адреналинот се помали.

Но, одговорот како и секогаш ја следи материјалната страна, па е сосема разбирливо дека одредена сума пари што се дели во шоуто е сосема доволен мотив да се разголите во јавност.

Колку за илустрација, последниот победник на седмата сезона на „Големиот брат“ во Америка освоил неверојатни петстотини илјади долари, што за обичен смртник е и повеќе од доволно за убав живот.

Поаѓајќи од тоа дека луѓето немаат против да се сликаат и да ги искажуваат своите емоции и фрустрации пред камерите, кога не се свесни дека се околу нив, идејата е сосема лесно да се реализира.

Навидум сосема обичен ден, во кој и не можете да претпоставите дека сте вистинска забава за тотално непознат аудиториум кој ужива да ве гледа.

Дека станува збор за сериозно нарушување на интимата говори и фактот што се' повеќе филмови ја обработуваат тематиката на предности и мани од Интернет-манијата.

Филм кој е најдобар пример за тоа што значи да си дел од таков „проект“ е „Шоуто на Труман“, во кое актерот Џим Кери е најинтересниот американски лик, бидејќи го забавува секое семејство со својот едноставен и мирен живот, кој сериозно ќе му биде нарушен кога ќе сфати дека сите знаат што прави, а тој воопшто и не е свесен за тоа.

Филмот предизвика голема полемика во компјутерската индустрија, бидејќи се актуализира прашањето што ако постојат милиони како Труман кои не се свесни дека во моментот се набљудувани.

Со цел да се смират страстите, во САД се водеше кампања под наслов „Интернетот е само забава за сите“, алудирајќи на податокот дека не се прави ништо незаконско или против волјата на луѓето.

Но, ако се земе предвид дека секој облик на следење или прислушување е нарушување на приватноста, тогаш веројатно сите сме дел од еден глобален виртуелен свет во кој секој го забавува секого.

Бројни холивудски филмови имаат сцени во кои јасно се гледаат тајно поставени камери преку кои се има увид во еден објект или станбена зграда, а притоа станарите воопшто и не знаат за тоа.

Ако се земе предвид само позитивната страна, тогаш забавувањето и не е толку лошо, а ако некогаш не можете физички, тогаш виртуелно сигурно може да бидете дел од која било забава или настан во светот во форма на непоканет гостин кој ужива заедно со присутните.

Но, се поставува прашањето дали тука воопшто има простор за позитивна страна?

 


Статијата е прочитана 1417 пати.

Испрати коментар



Како импулсот води до задоволство или уништување
Лили Ален со навреди за сер Елтон Џон
Свадба на мајмуни во Кина
Двоен живот на Душко Георгиевски
Пилева ќе пее во Велес за 8 Септември
Ева Нединковска учи џез-пеење
Руски милијардер и' подарува вила на Мадона
Евровизија се соочува со потенцијален бојкот
Печатена телевизија
Јужњачки рокенрол Исус
04.09.2008, 14:16

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Претежно облачно

Недела
Претежно облачно
Макс: 27°C, Мин: 12°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Ед��торијал | Анализа | Мислења | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |