04.09.2008, 15:02 Двоен живот на Душко Георгиевски
Ако петнаесетина години, колку што е на сцената, Душко Георгиевски никако не можеше да се реши дали на пеењето да му даде статус на хоби во својот живот, а адвокатурата да биде - животна професија, се чини годинава пресече. Душко реши со ист интензитет да вози на два колосека! Го смени имиџот, ги интензивира фестивалските настапи (на „Охрид-фест“ со песната „Пак сум млад“, а на „Тетовскиот фолк- фест“ со „Љубам јас Македонка“, а в понеделник ( 8 септември) ќе гостува на српската телевизија „Свет плус“, во емисијата „Прслук“.
Летото во Охрид го искористи за снимање на спотот за неговата обработка на песната „Земјо македонска“, а моментално работи на проектот „Еден живот, една Македонија“. Заслуги во реализацијата на овој проект имаат менаџерката Розита Божиќ, аудио и видеостудиото „Абракадабра“, а за промената на комплетниот стајлинг на Душко се грижи салонот за убавина „Тренд-ас“ , како и фотографот Горан Десковски. Очигледно, Душко амбициозно тргнува во „двојниот живот“, но само на професиoнален план! (Ј.П.) |