Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Забава
04.09.2008, 14:12

ТВ - фотелја

Печатена телевизија

Роберт Д. Крстевски

Среќна нова 1949! Како во старите добри времиња, во Македонија се враќа печатената форма на изразување преку телевизија. На времето устата пена им фаќаше на спикерите додека ги читаа километарските соопштенија за новите работни победи, за самопрегорот на работните луѓе и граѓаните во изградбата на светлата иднина, за самоуправувањето, за чувањето на братството и единството како зеницата во окото, за ширењето на социјализмот како светски процес, за движењето на неврзаните во контекст на активната мирољубива коегзистенција...

Без малку две децении по историското салто мортале на авангардата на работничката класа и почетокот на транзицијата кон новиот општествен поредок - иста песна. Фрчат долгометражни текстуални пораки до граѓанството, но овој пат од повеќе телевизиски канали наместо само од државниот, кој во она време беше единствен во ширењето на оптимизмот и на самодовербата меѓу трудбениците, интелектуалците и земјоделците. Има и уште една, навидум мала, но клучна разлика: сега не се во прв план наведените три основни сегменти на општественото ткиво според реалсоцијалистичката научна мисла, ами - Владата. Таа е главниот јунак во соопштенијата што имаат задача секојдневно да го крепат духот на македонските граѓани и да ги уверат дека раководството избрано од нив работи по 24 часа на ден, 365 дена во годината, само за нивното добро.

Иако во основа станува збор за малку видоизменета варијанта на некогашниот агитпроп, вреди да се поведе иницијатива пред Државниот завод за индустриска сопственост за патентирање на овој изум. За да не му падне на ум некому низ белиот свет неовластено да го копира овој уникатен дострел во развојот на средствата за информирање со симбиоза на пишаниот и на електронскиот медиум, која си земам слобода да ја наречам печатена телевизија. Зошто друг да профитира од очигледните предности на ваквиот тип еднонасочна комуникација меѓу врвот и базата, како што е, на пример, можноста да се срка супа во друга соба додека милозвучниот глас на спикерот ни кажува колку ни е добро и колку многу подобро ќе ни биде? Погодноста да не мора да се ѕвери во телевизорот, а, сепак, да се прими пораката пари вреди. Додека истекуваат одвај седумте минути, колку што е потребно да се прочита, да речеме, повикот до земјоделците да се пријават за субвенциите за одгледувањето луцерка, една ливада веќе ќе биде посадена.

Следна фаза во општењето со јавноста би можела да биде со - гласници. Тоа се оние чичковци што доаѓале во помалите населени места и со барабан ги повикувале луѓето на сретсело за да им прочитаат некаков проглас. Ваквата опција е сигурно поевтина отколку огласувањето преку телевизија.

 


Статијата е прочитана 1002 пати.

Испрати коментар



Како импулсот води до задоволство или уништување
Лили Ален со навреди за сер Елтон Џон
Свадба на мајмуни во Кина
Двоен живот на Душко Георгиевски
Пилева ќе пее во Велес за 8 Септември
Ева Нединковска учи џез-пеење
Руски милијардер и' подарува вила на Мадона
Евровизија се соочува со потенцијален бојкот
Милионска забава или сериозно нарушување на приватноста
Јужњачки рокенрол Исус



Jovan, 05.09.2008 12:11:42
Bravo! Odlicen tekst!
anonimna, 05.09.2008 15:16:09
Abe toa e taka bidejki na toj nacin Grujo ne laze kako mali decinja ,ni vetuva se i sesto ,oti ako ne go slusneme toa trippati na den ke se rasplaceme pa posle sto ke ni pravi,kutriot toj.
04.09.2008, 14:16

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Обилни врнежи

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 26°C, Мин: 11°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |