04.09.2008, 15:02 Руски милијардер и' подарува вила на Мадона
Компанијата на рускиот милијардер Сергеј Полонски, која во Будва гради екстралуксузни апартмани, на кралицата на поп-музиката и нуди на подарок вила, со што верува дека на најдобар начин ќе го промовира ексклу-
зивниот туризам во Црна Гора. Станува збор за 326 квадратни метри, сместени покрај море, со базен и придружни луксузни детали. Во моментов се чека на одговорот од Мадона, а Полонски верува дека музичката ѕвезда нема зошто да не ја прифати понудата и да одбие подарок вреден над два милиона евра.
Во склоп на турнејата „Sticky and Sweet“, Мадона на 25 септември ќе одржи концерт на плажата Јаз во Будва. |