Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Забава
04.09.2008, 14:02

Магазин

Јужњачки рокенрол Исус

Контроверзниот рокер Кид Рок го има вистинскиот рецепт за пробив на топ-листите

Александар Митевски

Неговата е една од дефинитивно најнеобичните стории во рок-музиката во новиот милениум и сите се согласуваат дека навистина е чудна трансверзалата кон светскиот успех за овој хибриден рапер-рокер кој доаѓа од Детроит. Кид Рок нанишани кон популарноста вистински во 1998 година со материјалот Devil Without a Cause, иако својот деби-албум Grits Sandwiches for Breakfast го имаше издадено цела декада пред тоа. Таа декада ја помина во зачмаеност во малата селендра, издавајќи албуми за некои ситни етикети, атмосфера во која воопшто не ни помислуваше дека еден ден можеби ќе се најде во светскиот музички рокенрол-циркус.

Боб Кид Рок Ричи (роден на 17 јануари 1971 година) јавноста го знае како музичар и повремено актер кој кокетира со рапот и со рокот, нема скрупули во своето однесување и, дефинитивно, нема влакна на јазикот. Можеби тој остар начин на живеење и неговата персона го донесоа до мегаломанската бројка од продадени над 25 милиони албуми. Неговата пресвртница се случи во периодот 1997-1998 година, кога на сцената царуваше рап-метал призвукот олицетворен од тогашните носители „Корн“, „Рејџ агејнст д машин“ и „Лимп бискит“. Му се посреќи кога „Атланта рекордс“ реши да му ја даде својата доверба и да застане зад него и неговата музика, па така се изроди и популарниот проект Devil Without A Cause, кој на неговото конто донесе продаден тираж од над 11 милиони копии. Во 2000 година го издаде History Of Rock, една одлична компилација на ремиксувани и мастерирани верзии на песните од старите албуми дополнети со некои нови песни. Во својата музичка сторија потоа продолжи со албумот Cocky, кој се возеше на популарноста на неговиот дует со познатата Шерил Кроу - синглот Picture, кој успеа да го заврти вниманието на светот кон неговата музика. Потоа следуваа години на музички пад кога со проектите Kid Rock и Live Trucker не успеа да ги постигне посакуваните чартовски проекции, се' до појавата на последниот студиски албум Rock N Roll Jesus.

Овој шести студиски албум на Кид Рок, издаден под етикетата на „Атлантик“ го издаде лани кон крајот на годината. Ја имаше честа да има албум продуциран од големиот Роб Кавало (продуцент на „Грин деј“ и „Гу-гу долс“) и овој албум претставува вистинско музичко поместување на кормилото од рапот кон некои поинакви жанрови. Во ова вистинско музичко шаренило тој докажува дека не заборава да рапува со песната Sugar, а има и рок-балади во стилот на „Цепелин“, кокетира и со малку џез. Тука не одминува ниту висококалоричниот гитарски рок-звук сместен во песните Rock N Roll Jesus, So Hott, Don't Tell Me U Love Me, Lowlife и Guilty. Својата кантри-жичка ја покажува во одличните балади Amen,When U Love Someone и Blue Jeans And A Rosary, но, секако, мора да ја споменеме и носечката нумера All Summer Long, која летово атакуваше на сите светски медиуми.

Едно е сигурно, тоа е дека овој албум ја направи потребната егзекуција на рапот во неговите проекти и го погреба тој негов хибриден изум. Рапот се појавува само во некои бледи траги, а поентата е во неговото конечно враќање кон корените, односно неговиот типичен јужњачки рок и хард-рок. Може да се каже дека на Rock n Roll Jesus одлично се вклопени и кантри-кокетирањата што, секако, беше забележано и во многуте позитивни рецензии за овој албум. Никого не го зачудија добрите критики кои ја окарактеризираа оваа плоча како нестандардна и натпросечна, а тоа најмногу се должи на Кид Рок, кој се докажа како доста умешен автор кој одлично плива во водите на тој рокенрол од јужните американски краишта.

Неговата остроумност се насети во големиот хит што го одбележа ова лето All Summer Long, каде што вметна навистина познат семпл од Werewolves of London од Ворен Зевон, иако на сите што ја слушнале овој семпл неодоливо им личи на познатата јужњачка химна Sweet Home Alabama, чекор кој Кид свесно го презел и звучи сосема свежо и ненаметливо. Самата свежина лежи во тоа што Кид Рок успеал од оваа песна да направи сосема нов класик на јужниот рок што ќе го пеат новите генерации во Америка. Добрите критики, сепак, не значат дека Кид Рок направил нешто спектакуларно и историски на овој албум, но, сепак, според квалитетот ги преминува сите претходни музички обиди. Оние што ја следат неговата кариера се сигурни во едно – тој конечно се пронајде себеси и својата музика.

За неговите животни перипетии се зборува премногу, а посебно е интересен за жолтиот печат. За љубовта на својот живот, убавицата со големи гради - Памела Андерсон и нивната несреќна романса светот се интересираше најмногу. Тие склучија брак во август 2006 година, а се разведоа во ноември истата година поради ненадминливи разлики. Во неколку изјави Кид Рок беше огорчен и изјавуваше дека Памела му го уништила неговиот живот. Тој ја покажа на виделина и својата голема посесивност, напаѓајќи го физички за време на доделувањето на наградите на Ем-Ти-Ви бившиот сопруг на Памела, тапанарот на „Мотли кру“, Томи Ли. Конечно, со новиот албум и успехот тој докажа дека ги залекувал раните од поглавјето со Памела и конечно ја слави својата слобода. Тој изјавува дека е нов човек, дека ѕвездите конечно му се наклонети и дека се' е перфектно во неговиот живот.

Уште еден добар момент е тоа што Кид Рок е богат човек и комплетно ужива во убавините на животот. Неговото конто со над 20 милиони продадени албуми му носи многу придобивки за да може да го живее животот како што сака. Посебно е горд на имотот на Малибу, како и на поседот во предградието на Детроит, Мичиген, каде што живее неговиот 14-годишен син Боби јуниор. Интересно е што сестрата на Кид, Керол, го чува малиот додека Рок е на светска турнеја и е отсутен. Овој посед е вистински рајски рокенрол-парк во кој има многу калливи патеки за мототрки и картинг-ленти, тениски и баскет-игралишта, музичко студио, сопствено езеро и два огромни базена.

Таму Кид ги чува своите бесни мотоцикли и тркачки автомобили, како и својата последна гордост - белиот „V16 кадилак“ од 1930 година, за кој плати речиси половина милион долари. Тоа не е толку страшно, затоа што според последните пресметки кон крајот на август, неговиот нов албум досега само во САД се продал во тираж од над 1,7 милиони копии. Дефинитивно, ова се неговите пет минути.


Статијата е прочитана 858 пати.

Испрати коментар



Како импулсот води до задоволство или уништување
Лили Ален со навреди за сер Елтон Џон
Свадба на мајмуни во Кина
Двоен живот на Душко Георгиевски
Пилева ќе пее во Велес за 8 Септември
Ева Нединковска учи џез-пеење
Руски милијардер и' подарува вила на Мадона
Евровизија се соочува со потенцијален бојкот
Печатена телевизија
Милионска забава или сериозно нарушување на приватноста
04.09.2008, 14:16

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Претежно облачно

Недела
Претежно облачно
Макс: 27°C, Мин: 12°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |