Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
25.03.2012, 17:30

Писма

Сонот за голема Албанија

Драган Стоjановски, Тетово

Сонот за голема Албанија што на јаве го сонуваат политичарите-Албанци од Македонија премина во кошмар за сите други жители на државава. Просто, не му даваат на човека раат да живее и да планира за понатаму, а во екстремни случаи предизвикува инциденти. Оркестрирано насилство на национална и верска основа, како „затворање на чаршијата“ во својата „Травничка хроника“ го има опишано Иво Андриќ.

Никогаш не би помислил дека може да се повтори во 21 век. Од каде олку смелост, па можеби и невнимателност? Одговорот е во избирачката база која оптоварена од атавизми се' уште не е способна да се откаже од сонот и од општоапсолвираниот факт дека положбата на Албанците, нивните права и привилегии опишани во Рамковниот договор се зацементирани еднаш за секогаш. И дека Договорот е одлична база од која ќе тргне освојувањето.

Зошто на нивните најави никој не реагира? Моја претпоставка е дека актуелната власт си молчи од една од двете можни причини: или е толку убедена дека нејзината/нашата отпорност е таква што бучавата на Тачи, Ермира Мехмети (само некои од последните јавни сонувачи) нема шанси да го запре карванот или е толку слаба што се плаши да прозбори?

Ова е работа и на опозицијата, бидејќи за државата станува збор. Никој, дури и кога најдрско се посегнува по интегритетот на државата, не се осмели да го проблематизира она што Албанците го добија со Рамковниот. Никој не се сети расправата да ја префрли на нивен терен и да им припомни за старата вистина дека барањето погача може да ги остави без леб.


Статијата е прочитана 749 пати.

Испрати коментар



Политичката подобност и книшката
Чоколадите на „Европа“ немаат адитиви
Кратко писмо до Ерол Ризаов
Казан без чувари
Интелигентен урбан дизаjн
Нема дрва за иднината



jovan, 26.03.2012 00:14:01
Da sonuva moze sekoj, toa ne e zabraneto. Loso e ako se ostvari. A sansi se uste imaat.
DrZarkoff, 26.03.2012 02:45:13
Албанското малцинство, диригирано, секојдневно ни врши тортура. Од чевек на човек, во сите сегменти. Де знамињата САМИ СЕ СКИНАЛЕ, ЦРКВАТА САМА СЕ ЗАПАЛИЛА, ДЕМЕК САМО АЛБАНЦИ ЗАТВАРААТ. Како воопшто да немаме власт, 20 години исто...
Cange-Kumanovo, 26.03.2012 04:34:57
Se mi se cini deka nekoji politicari od Makedonskiot politicki blok...sonuvaat za golema Bugarija .....i spremni se da zrtvuvaat 30% od Makedonska teritorija.....za da si go ostvarat velikobugarskiot son....preostanatiot del da go spojat kon Bugarija.....zalosno....a uste po zalosno sto makedonskiot narod.....si molci..a taka se e providno kako na dlanka vo koj pravec ne vodsi vladeackata garnitura...
Toj son javno go sonuvaat, 26.03.2012 11:42:06
Dragane , sto te cuddi toa. Pa Meduh Taci pred povece od 2 godini javno izjavi deka ne postoi albanec koj ne go sonuva golemiot son za golema Albanija. Toj sto kazuva obratno ili laze ili ne ja kazuva vistinata poradi licni interesi. Na taa negova izjava nikoj ne reagirase. Sega istoto go kaza n a poinakov nacin i kosoveco taci , a si go otvori srceto i dusata i ubavata Ermira. I sto sega da kazeme . da gi stavame na poligraf. Voopsto ne e potrebnoNa site ni e jasno sto sonuvaat i sakaat. samo cekaat pogodna medjunarodna situacija i bi trgnale vo taa nasoka. No za zal i evropa gio prozre pa im ja povlece racnata, bidejci e svesna do sto bi dovele seto toa prekrojuvanje na granici.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  



Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Претежно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Среда
Сончево
Макс: 25°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (27)
Плачот на Х Конгрес на СКЈ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Триумф на човековиот дух
Зоран Иванов, познат новинар, а порано падобрански ас, вели дека технологијата го овозможила скокот на Баумгартнер, но н...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |