Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter

Ураганот „Ајрин“ во Њујорк

Првпат во историјата вчера запре вкупниот железнички и автобуски сообраќај во градот кој никогаш не спие


Со брзина од 151 км на час, ураганот „Ајрин“ го зафати источниот брег на САД. Никогаш порано толку многу луѓе не биле повикани да ги напуштат своите домови. Вонредна состојба беше прогласена во седум сојузни држави.

Прва на ударот на „Ајрин“ беше сојузната држава Северна Каролина, односно регионот на Џексонвил. Во повеќе од 90.000 домаќинства снема електрична енергија. Гувернерот на Северна Каролина, Беверли Пердју, изјави дека има големи штети на електричната и водоводната мрежа. Иако јачината на „Ајрин“ во текот на изминатата се намали и сега е бура од прва категорија, предупредувањата до граѓаните остануваат во си��а. Според Мајк Бренен од Националниот центар за урагани во Мајами, решавачка не е максималната брзина на ветрот, туку многу повеќе големината и траењето на ураганот.

Погодениот регион им припаѓа на најгусто населените подрачја во САД. Во коридорот каде што минува ураганот живеат околу 65 милиони луѓе. Експертите сметаат дека штетите ќе изнесуваат милијарди долари. Повеќе од 2,3 милиони луѓе беа повикани да се засолнат.

Си-Ен-Ен јави дека досега била потврдена смртта на десет лица во подрачјата што се најдоа на патот на ураганот „Ајрин“, кој вчера го погоди мегаполисот. Најмладата жртва на Ајрин е 11-годишно момче, кога дрво паднало на зградата во Њупорт Њуси во Вирџинија.

„Не чекајте и не колебајте се“, апелира американскиот претседател Барак Обама до милиони Американци што живеат меѓу сојузните држави Северна Каролина и Нова Англија.

Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг нареди евакуација на над 300.000 жители на јужниот крај на Менхетен и на Кони Ајленд. Евакуирани се и пациентите во две болници за кои се претпоставува дека ќе бидат зафатени од поплави. „Ваква принудна евакуација досега не се случила“, нагласи Блумберг. Граѓаните не треба да се залажат од мирот пред бурата. „Њујоршката градска управа не би наредила евакуација ако не е убедена во потенцијалната опасност на ’Ајрин’“, изјави Блумберг.

Првпат во историјата вчера запре вкупниот железнички и автобуски сообраќај во Њујорк. Откажани се илјадници летови во наредните неколку дена. Вонредна состојба е прогласена во неколку сојузни држави, а подготвени за интервенирање се околу 100.000 члена на Националната гарда. На располагање се ставени и 18 воени хеликоптери за евентуални акции за спасување на североистокот на САД.


#
Статијата е прочитана 1622 пати.

Испрати коментар

Од: usa aisha
Датум: 29.08.2011 04:20:48
tolku bese voznemireno kako da doaga kraj svet ama bas pogotovo nebese nisto strasno vo dosta mesta sto gi evakuiraaa najlosobese vo bruklyn and long island vo menheten ama bas nisto duri i voska bese donesena pa boze moj ili allah zarem i vojska ke se bori protiv gospoda ma da rece denes ke ne zeme ma ni raketi ni tenkovi ni bombi ne ke ni pomognat sreka sto uraganov idese samo po obala i ostrovi sreka sto nebese po kopno e toga ke bese golema propast pozdrav od STATEN ISLAND ama bas nisto ne e strasno a sme na ostrov daleku od MENHETEN 20 MIN

Најди! во Утрински
Насловна
Ласерски радари ќе ги ловат бесните возачи
Бевме многу наивни
УНЕСКО ќе продолжи да и' дава поддршка на Македонија
„Бит-фест“ се затвори со Кирил Џајковски и цел обоен во бело
Пописен етноцид во Албанија
Државата ни вели да слушаме турбофолк-музика
„Метаморфози“ на Ацо Поповски најдобра на фестивалот во Тиват
Студентка од Штип загина од ураганот Ајрин
Се омажи ќерката на газдата на Формула 1
Лустратори на бандаж
Путин возејќи „Харли Девидсон“, предводеше група рокери
Го кажа ветувачкото „да“
Маки без еврообврзниците
Србинките жени на светски богаташи
За критичарите на левицата
Принцот Хари на Хвар
Стилот не се купува, стилот се гради
Доделени Ем-ти-ви музичките награди
Руски новинари ги пронајдоа петмината заробени Срби
Нова колекција во октомври
Карикатура
Стил

"""