Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter

УНЕСКО ќе продолжи да и' дава поддршка на Македонија

Присуството на генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, на јубилејното издание на СВП беше искористено за билатерална средба со министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

Како што беше соопштено подоцна, на средбата станало збор за тоа дека и понатаму ќе продолжи досегашната соработка меѓу Република Македонија и УНЕСКО во однос на финансирање проекти, помош во областа на заштитата на културното и духовното наследство, како и поддршка во областа на заштитата од изнесување на артефактите надвор од границите на државата.

Од страна на министерката Канческа-Милевска, која наедно е и претседател на Националниот комитет на УНЕСКО за Македонија, беше изразена благодарност за досегашната соработка и поддршка од страна на УНЕСКО, а изрази и надеж дека во најскоро време ќе станеме членка на највисокиот одбор во седиштето на УНЕСКО.

Бокова, пак, истакна дека гледа голем потенцијал за соработка и потврди дека и во иднина може да се смета на помош од нивна страна.






#
Статијата е прочитана 1147 пати.

Испрати коментар

Од: vasko
Датум: 29.08.2011 00:11:21
Бугарите имаат генерален директор на УНЕСКО. Сметајте што лоби имаат во светот. А ние се уште си правиме маjтап со нив...
Од: BgMak
Датум: 29.08.2011 06:37:38
Ирина Бокова е по род од Македонија. Ќерка е на бугарскиот комунист-партизанин од Jaкоруда (Разлошко) Ѓорги Боков. После 1944 истиот е 20 години по ред редактор на комунистичкиот официоз на БКП "Работническо дело": http://bg.wikipedia.org/wiki/Георги_Боков
Од: kliment
Датум: 29.08.2011 09:13:46
Ve molam novinari istrazuvaci,kazete ni ili vo brojki ili vo proekti kolku pati UNESKO ni pomognal?
Од: zagrizhen gragjanin
Датум: 29.08.2011 13:00:47
Ubavo ne opomenaa od UNESKO, samo shto nashata vmrovska vlast se pravi "na Tosho". Direktorot na UNESKO, Macura, koga beshe vo Ohrid za vreme na vlasta na LJ. Georgievski go opomena pred. Trajkovski i gradonacalnikot na Ohrid deka gradot mozhe da bide izbrishan od listata poradi nesoodvetnite gradbite vo stariot grad i poradi izgradbata na NOVOKOMPONIRANATA crkva vo sred nedoistrazhen arheoloshki lokalitet na Plaoshnik! .No, nikoj novinar togash ne sakashe ili ne smeeshe da go objavi ovoj podatok. Znachi na, vmrovskata vlast, ne i' e prv pat da bide opomentata poradi neznaenje i unishtuvanje na kulturno nasledstvo!!!!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Ласерски радари ќе ги ловат бесните возачи
Бевме многу наивни
Ураганот „Ајрин“ во Њујорк
„Бит-фест“ се затвори со Кирил Џајковски и цел обоен во бело
Пописен етноцид во Албанија
Државата ни вели да слушаме турбофолк-музика
„Метаморфози“ на Ацо Поповски најдобра на фестивалот во Тиват
Студентка од Штип загина од ураганот Ајрин
Се омажи ќерката на газдата на Формула 1
Лустратори на бандаж
Путин возејќи „Харли Девидсон“, предводеше група рокери
Го кажа ветувачкото „да“
Маки без еврообврзниците
Србинките жени на светски богаташи
За критичарите на левицата
Принцот Хари на Хвар
Стилот не се купува, стилот се гради
Доделени Ем-ти-ви музичките награди
Руски новинари ги пронајдоа петмината заробени Срби
Нова колекција во октомври
Карикатура
Стил

"""