|
|
|
|
|
|
Венчавки
Србинките жени на светски богаташи
9:45, 29 август 2011, Убавите и познати Србинки речиси по правило бираат уште попознати и богати мажи. Јелена Јаковљевиќ, Сандра Мељниченко, Емина Јаховиќ, само се некои од нив.
„Хеј Шеки, Шеки, тако ти Алаха, довешќу те Шеки до просјачког штапа“, токму стиховите на популарната песна на Лепа Брена, можат да се поистоветат со мажењето на српската манекенка Јелена Јаковљевиќ за шеикот Саид бин Драија.
Поранешната мис на Југославија секако е број еден која успеа да ја претвори во пари својата убавина со венчавката за светски богаташ. По неколку години кариера како модел во Обединетите Арапски Емирати, Јелена се омажи за Саид бин Драија, чие богатство се проценува на неколку м��лијарди долари. Семејната компанија на Саид „Бин Драи ентерпрајз“ се занимава со увоз на челик и градежен материјал, како и изградба, продажба и изнајмување на недвижнини, и тоа на најскапи локации во Дубаи. Поранешната мис на Југославија на свое име има ланец салони за убавина за жени и мажи, сопствена колекција на чевли, чанти и колани, но и луксузниот хотел „Парк плејс“.
Две девојки од поранешниот атрактивен четворочлен состав „Моделс“ исто така станаа милијардерки по венчавките. Белграѓанката Сандра Николиќ се омажи за рускиот банкар Андреј Мељниченко, чие богатство стекнато со производство на јаглен и минерално ѓубриво, изнесува околу 6,2 милијарди долари. Нивната гламурозна свадба од бајките чинеше дури 35 милиони долари, а се зборуваше дека Сандра за секогаш „го купила“ Андреј, поклонувајќи му рачен часовник кој го платила 20.000 евра. Другата девојка од „Моделс“ Ивана Берендика се заколна на вечна љубов со многу постариот Томас Јермолук, финансиер на популарниот интернет пребарувач „Гугл“. Ивана и нејзиниот сопруг живеат во Мајами во вила од седум милиони долари, а во низата скапоцени подароци кои сопругот и ги подарувал се издвојува мобилниот телефон украсен со дијаманти, платен половина милион евра.
Манекенката и глумица Ивана Божилов се венча за милионерот Ендрју Фајерстон, правнук на основачот на компанијата за производство на гуми „Фајерстон“. Ивана е родена во Белград, но пораснала во Чикаго, каде почнала да се бави со манекенство, а подоцна со глума. Пред неколку години се најде на листата на 100 најубави жени во светот.
По две годишна врска, поп ѕвездата Емина Јовиќ одлучи да се омажи за славниот турски пеач Мустафа Сандал, со кој во 2008 година се вери во Сент Мориц. Прекрасната свадба била организирана во Истанбул на 13 јануари истата година, а по седум месеци го добија синот Јаман.
Американската глумица со српско-италијанско потекло Сузана Дробњаковиќ пред неколку години се омажи во Женева за филмскиот режисер Едуард Понти, син на легендарната глумица Софија Лорен. Моментално најуспешната српска глумица во Холивуд е родена во 1975 година во Лос Анџелес и иако никогаш не била во Србија, течно го зборува српскиот јазик. По средното образование работела како манекенка, а се прослави со улогите во сериите „Маринци“ и „Досоновиот свет“, како и во филмот „Невозможна мисија 3“.
За странец е мажена и драмската писателка и политичарка Билјана Србијановиќ. Таа судбоносното „да“ го кажала на Габриел Келера, поранешен амбасадор на Република Франција во Белград. (Вечерње новости)
|
#
|
Статијата е прочитана 7733 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: relen |
Датум: 29.08.2011 12:34:25 |
|
Samiot tekst go potvrduva iznesenoto na Ljubco Georgievski vo denesniot broj na Utrinski.
Nazalost i posle 20 godini de jure nezavisnost Makedonija i 90% od nejzinite gragani se uste placat za Srbija... |
|
|
|
|
|
|
Од: od ex-ju... |
Датум: 29.08.2011 12:38:35 |
|
Posle mesec dena,ke se vrati doma so modrinki...!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: od mene |
Датум: 29.08.2011 13:21:28 |
|
Alal da im e, tuku nasive tuturutki se prodavaat mngu eftino, za nekoi lokalni "manageri.
Makedonceto sekogas se zadovoluvalo so malku, a toa e znak deka sme navistina nikakvi. |
|
|
|
|
|
|
Од: Mene |
Датум: 29.08.2011 14:41:57 |
|
Sakam da iskomentiram,no komentarot ke mi bide od samo eden zbor sto sigurno nema da mi go objavite |
|
|
|
|
|
|
Од: Realen |
Датум: 29.08.2011 17:20:36 |
|
Ova e dokaz deka ljubovta seuste postoi, i deka slednite generacii nasite kerki i sinovi ke go sledat primerot i ke se omazat na vakov nacin. Denes ako nemas pari, dobra rabota , kola , ubava kuka mozes da sonuvas za uvaba normalna devojka. Zatoa pridruzi mu se na klubot i pravi go istoto. Ziveam vo stranstvo imam rabota ,dobra kola i svoja kuka i gazam se pred sebe a tie sto nemaat neka se molat na boga i neka ziveat vo iluzii |
|
|
|
|
|
|
Од: Mustafa Aga |
Датум: 29.08.2011 22:26:50 |
|
|
|
|
|
|
|
Од: dedo dimo |
Датум: 30.08.2011 04:17:20 |
|
Ve molam ,pred da skoknite trebashe ili treba sekoj da razmisli , Parite, bogatstvoto , da se sretstvo za zivot ,no nekoj ako misli deka ke bidi sreken vo zivotot ,ne e vazno kolku e bogat se lazi i toa e 100% chista vistina.Starite luge toa go rekle pred iljadi godini i ako ne pismeniali, od praksa go znaele toa .Na zalos denes Filozofite vakvi stvari ne mozatt da izrechat..Jas na ovaa devojka i posakuvam sve najubavo vo zivotot ,no siguren sum deka po nekolku godini Ne ke znaj koj pat da go fati ,koga ke i e opnat MANTIJATA do zemja a i liceto sama neke mozi da si go vidi a kamoli nekoj drug.Zalam ali nejzinata ubavina e prokockala za Bogatstvo. |
|
|
|
|
|
|
Од: Chicho Mile |
Датум: 30.08.2011 13:51:40 |
|
relen, dosta i ti i Ljubco so tie srpski kompleksi. Sto treba, ako sme nezavisna drzava da pisuvame samo za makedonci? |
|
|
|
|
|
|
Од: Lina New York |
Датум: 30.08.2011 14:20:10 |
|
Ne mi se veruva G-dine relen ili kako i da ste...zarem smetate deka Ljubco Georgievski ima pravo da kaze deka makedoncite placat po Srbija?A spored nego bi trebalo da placat po Bugarija ednostavno neli?Toj nema pravo na komentar za makedoncite...A G-dinot Realen neka prodolzi da gazi se pred sebe i neka si gi cuva kukickata,parickite i koliceto na kredit,zosto takvi vo stranstvo kako nego so lopati da gi rines...kuca-poso,poso-kuca...batali koncerti,pretstavi,kulturni slucuvanja,vazno e plitok da ostanes,ama so plikce vo djeb,ako voopsto nesto ostanuva vo plikceto.Zatoa sto na toj sto mu ostanuva ne se perci javno po vesnici...nema potreba,ne izlegol od kal. |
|
|
|
|
|
|
Од: Rim |
Датум: 30.08.2011 19:19:41 |
|
Ke i bide dobro dodeka Arapot ne se reshi da donese druga, kako sto i se sluci na edna nasha poznanicka-Italijanka mazena za Arap bogatash od Saudiska Arabija. Postojano pokriena so vel, ne smee da vozi, maz da ne smee da ja pogledne i nikade da ne patuva sama. |
|
|
|
|
|
|
|
|