|
|
|
|
|
|
Мислења
За критичарите на левицата
Ивор Мицковски
Ако мислите дека СДСМ треба да се реформира по стапките на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш вие само сакате уште една ВМРО-ДПМНЕ. Тоа СДСМ не може, не смее и нема да го направи. Тоа би значело луѓето да одат во двојна опозиција: и против ВМРО-ДПМНЕ и против СДСМ
Постои една автентична проевропска и западна вредност која (селективно) се почитува во Македонија. Тоа е (селективното) право на критика, (селективната) слобода на изразување, (селективното) право на манифестирање различни мислења и ставови. Проблемот или недоследноста во исполнувањето на тие права е што во плуралната историја на нашата земја тие најчесто се насочени кон левицата и кон нејзиното рабо��ење.
Денес, таа недоследност е многу лесна за нотирање. Македонија длабоко зацапа во недемократски режим и се претвори во тоталитарно општество, но демократијата, дебатата и плурализмот и понатаму цутат во левичарскиот кампус и меѓу левичарските интелектуалци или политичари. Кај левицата денес постои една дебата, една поделеност, наспроти десничарската медиокритетска монолитност. Кај десницата тоа не можеме да го замислиме, уште помалку да го сретнеме или да го нотираме. Кај нив постои единствено „ноќта на долгите ножеви“ и фрапантното отсуство на слободни стрелци. Тоа воедно покажува дека за левицата ниту постоеле, а ниту некогаш ќе постојат личности кои се трипати пречкртани. За разлика од тоа, добро ни се познати методите на десницата каде сопствените политички основачи или идеолози, ретките непослушници и партнери или паднатите во немилост, се бришат од историјата, јавно се сатанизираат и брутално се казнуваат.
Како и да е, таквата тенденција на поделеност кај левицата, на постоење на различни мислења, гледано од денешен аспект, претставува една демократичност во мало. Тоа е еден огромен апсурд во ситуација кога нашата земја и нашето општество повеќе не можат да се наречат демократски. И тука се поставува првото прашање - дали во Македонија демократијата ќе ја спасуваме со тоа што ќе ја билдаме единствено во левиот фронт? Испаѓа дека тоа што немаме повеќе демократија во државава или што не постои демократија во ВМРО-ДПМНЕ е веќе апсолвирана работа со која не вреди да се занимаваме.
Ова што досега го наведов е во јасна контрадикција со десничарскиот спин или со наметната теза, која многу истакнати и поранешни левичарски политичари ја прегрнаа од лични потреби и интереси, дека во СДСМ не постои демократски дух или дека левицата не знае да прифати критика. Впрочем, самите тие и нивните критики се контрадикторни, затоа што нивните ставови наголемо одекнуваат, се слушаат и честопати истите се поканети да продолжат со излагање на своите критики и во посоодветни форуми и околности. Сепак, до тоа не доаѓа и најчесто се останува на празна и неаргументирана критика, чисто заради критика. Дополнително, морам да нагласам дека во услови на отворена диктатура да се критикува оној што ја нема власта и одговорноста, не е само малициозно или кукавички, туку и создава параноја и оправдано сомневање дека зад тоа се кријат некои други мотиви. Затоа, настрана ретките и добронамерни исклучоци кои постојат, бидејќи се консеквентни и немаат деструктивни цели, најголем дел од критизерите на левицата од левицата би ги поделил на две слични типологии. Едни, кои свесно му помагаат на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски, и вторите кои несвесно му помагаат на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски.
Овие првите ја јаваат тезата, дека СДСМ треба да се демократизира по стапките на ВМРО-ДПМНЕ и следствено да стане како нив, а вторите дека СДСМ треба да се радикализира, да биде поактивен и да го смени својот модел на организирање. Тезата која овие првите така гласно ја застапуваат потсетува на онаа на Манасиевски - ни со Бранко, ни со Груевски, и сите добро знаеме дека таквата позиција е политички лузерска и нереална. Притоа, во својата критика кон СДСМ, сакаат да не убедат дека ВМРО-ДПМНЕ се реформирала, го сменила својот лидершип, направила демократски исчекори. Таа теза е лажна, ниска и тажна! ВМРО-ДПМНЕ имаше еден диктатор, а донесе друг далеку поголем и поитар. Второ, Груевски не направи никакво вистинско политичко-партиско ресетирање. Само си создаде лојален и криминоген клан обединет во злосторството, додека во исто време продуцира армија на апаратчици, млади и некомпетентни послушници и нови патриоти со националистички бекграунд. Груевски единствено создаде еден кримоногено-популистички меланж кој добро го продаде во јавноста, а константата која и понатаму ја карактеризира ДПМНЕ, е тоа е дека таа остана една крајно затворена, ултраконзервативна, деструктивна и авторитативна организација. Во кратки зборови, тоа што и секогаш била – идеен концлогор! Оттука, еве ја и пораката до првите: ако мислите дека СДСМ треба да се реформира по стапките на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш вие само сакате уште еден ВМРО-ДПМНЕ. Тоа СДСМ не може, не смее и нема да го направи. Тоа би значело луѓето да одат во двојна опозиција: и против ВМРО-ДПМНЕ и против СДСМ.
За втората група на критизери би искористил уште еден вовед. Факт е дека постојат огромен број на играчи кои се чувствуваат фрустрирано или тргнати на страна. СДСМ секогаш била изложена на такви критики. Впрочем, СДСМ не може да се замисли без критички однос кон нејзе и критика кон самата себе. Критики насочени кон неа и критика која самата ја создава. И околу тоа не треба да се прават драми. Тоа е во традицијата на СДСМ. Би било бесмислено во или околу СДСМ да владее едноумие. Воедно, реалноста говори дека левицата ги загуби последните избори, дека тоа создава резигнација, дека тоа самото по себе заслужува одредена критика, и сето тоа е легитимно. За партија како СДСМ не постојат табу теми, па дури и да постојат, тие треба да се отвораат. Меѓутоа, постои и нешто што се нарекува недоследност кај оние кои ја критикуваат левицата, а притоа се доволно мудри да се чуваат од власта. Многумина од оние кои критикуваат се уште се далеку од целосна посветеност кон заедничката кауза, патат од етикети или одбиваат да ја искористат подадената рака и бегаат од соработка. Тоа се вика двоен аршин. Но, затоа се многу гласни кога треба да го изложат својот потсмев, своето недефинирано барање за поголема активност или своите идеи за радикализација по секоја цена. Најчесто мислат дека критикувањето на власта е работа само по себе, фиксна окупација која ти дозволува да плукаш на се што мислиш дека потфрла зад твоите лични напори. Така се однесуваат како политиканти иако не се политичари, па и тие самите забораваат дека една партија не е демократски клуб, туку организација која има јасни цели, која се бори за власт, иако власта не треба да биде цел сама по себе. Тие постојано бараат нешто спектакуларно, нешто сензационално во моменти кога најсилно се активираше поданичкиот дух на Македонецот. Најчесто, тој спектакл се сведува на нивната теза - оди си Бранко. Но, како и во случајот со првите, така и оваа теза се покажа како лажна и нереална. Таа не води сметка дека огромен дел од членството на СДСМ е лојална на својот претседател и дека неговото водство дава резултати и во услови на диктатура. Значи, оваа група се залага за една радикализација која би водела кон дополнителни поделби во левицата, притоа априори форсирајќи го ставот дека тие поделби ќе искреираат некаков нов квалитет. Тоа што за мене е пореално е дека креацијата мора да почне со деструкција, а внатрешната деструктивност е ризична во услови на недемократичност. Оттука и самиот експеримент на радикализација по секоја цена може да значи дополнителна фрагментација, а тоа пак да значи крај.
И покрај се, јас ќе останам на ставот дека критиката е секогаш добредојдена, дури и кога ја промашува целта. Но, тоа што сите ние не смееме да го заборавиме е со кого си имаме работа. Би била неверојатна интелектуалната ароганција на таквата постапка. Затоа, постојат неколку опции. Кој сака може да си продолжи лузерски со своите ставови или-или, сите се исти, подобро со никој него со некој, и така да се маргинализираат. Да продолжат да бидат наивни и да не сфаќаат дека одработуваат за Груевски. Да останат на ниво на салонски интелектуалци, да го прегрнат папсаниот дух на одредени интелектуалци или да се резигнираат на ниво на една несреќна свест која критикува се и сешто. Или пак, да се обидат својата критика да ја искористат за зајакнување на левиот блок и да поттикнат позитивни промени.
(Авторот е аналитичар) |
#
|
Статијата е прочитана 2176 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: deko |
Датум: 29.08.2011 00:28:21 |
|
Zalno za M.K.od vakvi analiticari.Problemot e sto vo VMRO-DPMNE ima demokratija sto na zalost vo sdsm papata ne dozvoluva demokratija i ve molam ne gi izvrtuvajte rabotte.Sto mislite zasto go vikaat PAPA.Sigurno ste clen na sdsm ili simpatizer inaku vakvi gluposti od kogo ce cuevme. |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 29.08.2011 00:37:55 |
|
Da ne bidam pogresno razbran, no ovde izgleda e potrebna nova OZNA/UDBA. Da rascisti so bagrata koja se rasiri i go jade narodot veke nemilosrdno. Ova OZNA/UDBA poveke od"inat"go napisav,figurativno vo smisol,krajno vreme e da se pojavi ovde cvrsta raka koja vo imeto na drzavata i drzavnite interesi ke pocne da rascistuva so nekoj "grupacii" koj si ja privatiziraa i drzavava i pravat sto ke im tekne, samo da e vo nivni licen interes.Levi-Desni,toa nisto ne im znaci.Mozat sve da bidat samo ako im nosi profit. |
|
|
|
|
|
|
Од: branenje |
Датум: 29.08.2011 00:45:56 |
|
Seto ova ti e vo red so grupaciive. Problemot e sto aktuelnoto rakovodstvo nisto ne pravi covece, nikade gi nema, nisto ne prevzemaat kako vnatre partiski taka i na teren. Si mislat deka narednive 4 godini site ke sedat pred TV i ke gi gledaat debilite od SDSM na koi im e bitno samo da stanat pratenici pobedile ili izgubile ne e vazno.SDSM bre pojma nema sto treba da pravi naredniov period. Ostaj gi kritizerite, ako ne se tie ke ima i drugi, fakt e deka Gruevski e politicar na ovaa decenija so pobeda na 6 izbori i visok rejting, si go vraboti clenstvotoi. Sto pravi SDSM e prasanjeto, pa vie i so ovaa kolumna SE BRANITE, Clenstvoto veke ne gi dozivuva lugjeto okolu Branko kako svoi, a ne pak narodot koj gi nema videno, Na sdsm mu trebaat reformi, novi lica i nov sistem, Branko ne e problem, kako ni Grujo sto nema harizma, ama ima sistem i na sekoj clen mu ima pomognato i reseno zivotno prasanje, toa e najbitno a ne ideologijata. SDSM ima pratenici so tret mandat koi 3 pati doma gubat ej |
|
|
|
|
|
|
Од: Igor |
Датум: 29.08.2011 01:27:13 |
|
(Авторот е аналитичар)
ccc....Bog da cuva |
|
|
|
|
|
|
Од: Sefadin |
Датум: 29.08.2011 05:50:53 |
|
До ова дереѓе до кое дојдовме,повеке е виновна
опозицијата,отколку власта.Имено власта по ситеоснови си ги засолнува народните пари,а опозицијата ни да бекне ниту во медиум,ниту во
форма на летоци,немо ја набљудува состојбата и чека власта самата да се распадне.Ако опозицијата не направи перестројка и во секое
време да не ја остава власта да се успие,тие
и понатаму ке ја тераат “живиш у облацима
мала и до тебе не допире мој глас“ и се така
до вечноста и назад! |
|
|
|
|
|
|
Од: miki |
Датум: 29.08.2011 06:57:20 |
|
vakvi analiticari Gruevski ednostavno obozava. Uste kolku pati treba da izgubi SDSM za da ja naucat lekcijata deka treba da dozvolat novi i kvalitetni luge da isplivaat na povrsina, a ne politicki klonovi na BC od tipot na Igor Ivanovski? |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 29.08.2011 08:02:14 |
|
Не се сите исти,исти,исти.......комунисти.Имаме и партија во ценарот дпмне-комунистичка.Јас сум среќен што со та партија раководи Груевски и јас му служам нему. |
|
|
|
|
|
|
Од: „Аналитичарот“ нема врска |
Датум: 29.08.2011 08:12:17 |
|
Што пишува ова дете? Во ВМРО немало демократија? А ја имало во СДС? Па на конгресот на СДС по поразот на изборите никој не смееше ни да кркне, а за претседател го имаа само Бранко како кандидат. Јака демократија, нема што. |
|
|
|
|
|
|
Од: Pavle |
Датум: 29.08.2011 08:30:05 |
|
Kolku poveke Branko, tolku pomalku SDSM ! Paradoksot e sto kolumnistot so ovie tezi fakticki najmnogu odrabotil za Gruevski, (ne)svesno. |
|
|
|
|
|
|
Од: Nikola |
Датум: 29.08.2011 08:43:27 |
|
Odlicno! Za pomnenje: DPMNE ne e demokratska partija, a vo SDSM ima dovolno mladi i novi ludje i padjaat site kritiki za potreba od novi lica. Posledicite od vladeenjeto na DPMNE se dolgorocno losi i koga narodot toa ce go uvidi, ce bide docna za popravanje. |
|
|
|
|
|
|
Од: Mili |
Датум: 29.08.2011 09:15:45 |
|
Zalam drugar, redovno te citam i povekjeto tekstovi ti se odlicni. Ova ti e promasena ,verojatno samiot znaesh. Ne e problei ima demokratija ili nema vo sdsm. Problemot e drug. Treba drug covek so novi idei, nova energija, nov pristap, nova ekipa. treba nova magnetska sila. Na Branko mu zavrshi isto kako i na Bucko ili drugi. Clenstvoto treba da se organizira za promeni. Covekot Branko site gi izgore vkljucuvajki gi i Zaev koj ima fantasticni ekonomski rezultati vi negovata opstina. No, toj ima dobrina i idel i lugjeto go cuvstvuvaat toa. Shto pobrzo Branko se odluci da mu ja predade palkata toa podobro za drzavarta. Cudno e da se falish , koga mafijata ti ja vodi drzavata a toj po pet godini go zgolemi brojot na pratenicite. ZNACI NOVA, NOVAM NOVA LICNOST. POINAKU gRUJO VECNE KE NI JA E... MAJKATA. |
|
|
|
|
|
|
Од: tali |
Датум: 29.08.2011 09:38:44 |
|
E ako vo DPMNE ima demokratija neke se javi nekoj so kritika barem na eden poteg na vlasta, belkim site ne razmisluvaat isto!!!!!A so SDSM se zanimavaat site od vlasta, do vladinite mediumi nevladini, sdsm-ovci A za komentarov sekoja cest iako mnogumina nema da go razberat |
|
|
|
|
|
|
Од: citatelka2 |
Датум: 29.08.2011 09:44:43 |
|
ЦЦЦ....овие што коментираат не баре се членови во СДСМ та знаат од прва рака како таму се владее. И кој апсурд?!, за ситуацијата во државата крива е опозицијата, а ние сите други граѓани треба само да си седиме дома и да чекаме од неа да и стави крај на оваа власт! Во некое друго време тоа се нарекуваше опортунизам. А и анализава (бранење) ви е супер, демек Груевски како победник на избори во последниве мандати е успешен и супер само затоа што успеал да ги вработи сите свои членови!!!!!Кадее се тука повторно граѓаните, државата, институциите, каде е тука квалитетот, професионализмот, вистинскиот сервис. Во тоа ли е успешноста, дали една партија ќе вработи свои членови или не? Во МК се е навистина ''извртено''. |
|
|
|
|
|
|
Од: do Deko |
Датум: 29.08.2011 10:04:47 |
|
Tesko na ovaa drzava so vakvi s... koj gledaat demokratija vo DPMNE pa nee demokratija ako vrabotuva clenovi nee demokratija da gi sakas poslusnicite demokratija e da gi respektiras i pocityvas ne istomislenicite demokrat si ako na noze gi podneses hrabro kritikite e sega da se reformira SDSM kako kako DPMNE so Gruevski e drag moj prijatele po demokratija imase vo vremeto koga nebese reformiran DPMNE so Ljubco taka li sakate i SDSM da lici na ova DPMNE pa da tera isto ako ne si so mene te nistam e jas nessakam SDSM da se demokratizira vo toj pravec,pa nekoj kako Ilija,Repceto,Kitanoski,Boneva,Dulic,Protugjer,jankulovska da mi prodavaat demokratija od govornicata na SDSM zato ne se sekirajte nisto nee vecno a koga ke padnat ke vidite kakvi demokrati se jas velam pogolemi djelati vo ovie 20 g nemalo slicni se na onie od ROMANIJA vo vremeto na nivniot NIKOLA. |
|
|
|
|
|
|
Од: canko |
Датум: 29.08.2011 10:10:48 |
|
analizata e napravena so takva tochnost ,sto duri ni lugjeto od analitickiot centar na SDSM ne mozjat da najdat nekoja zabeleshka...priodot e takov sto im kazjuva na site "zagrizjeni"za opozicijata koi velat deka treba da se transformira,te novi luge treba, te nema demokratija,te papa,te salonska,te sest pati izgubija,te clenstvoto go zagubija ,te ne vrabotuvaa,te ne reshavaa egzistencijalni problemi,i polno te...deka nivnata kritika e smeshna,i deka treba da ja nasocat na druga strana vo drug oblik...smeshna do tolku poveke opozicija da kritikuvash....izbori imase znae se koj i kako dobi i sega neka vladejat..pak li so kontra protesti,i krokodilski solzi opozicijata ne chini .Nekadarnicite od vlasta uste 100 dena ne pominaa se pokazjaa deka se predavnici na se samo da se na vlast...i neka taka treba za ovoj narod....poz..za ivor odlichno....
|
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 29.08.2011 10:39:44 |
|
СДСМ треба под итно да се реформира но не да личи на ВМРО ДПМНЕ но не и на сегашниот лик.Оваа партија треба да смогне сили да не биде заложник на еден политичар губитник туку да прерасне во модерна и внатрепартиски демократска партија,а се за добро на државата како конструктивна и јака опозиција.Не смее да се дозволи да лидерот губитник длабоко да го подценува сопственото членство со замена на тези од типот ,,ние не сме барале избори, премиерот барал,,како што опишува во колумната Бучковски.Има СДСМ здрави сили да се ослободи од ваквото политичко проклетство. |
|
|
|
|
|
|
Од: Игор |
Датум: 29.08.2011 10:50:01 |
|
"И покрај се, јас ќе останам на ставот дека критиката е секогаш добредојдена, дури и кога ја промашува целта". Ова ме потсетува на славната изрека на другарот Бранко: "Народот е секогаш во право дури и кога греши". КАТАСТРОФА - Младиве и нови таленти на СДСМ сите до еден БЛЕДА ФОТОКОПИЈА на Бранко. Бранко си го одработи своето. Вие треба да понудите нешто ново-ОРИГИНАЛНО. Нешто што соодветствува на 21 век. По мизерна колумна одамна немам прочитано. |
|
|
|
|
|
|
Од: Jordan |
Датум: 29.08.2011 11:19:49 |
|
Avtorot si go kaza svoeto mislenje vo rubrikata koja se vika 'mislenja". Toa e znaci negovo mislenje i okollu toa ne bi diskutiral. Megutoa me zagrizuva mislenjeto na mnozinstvoto koe demokratijata i reformite vo nekoja partija ja svakaat kako zaposluvanje na svoite clenovi. So vakov narod nema demokratska idnina. |
|
|
|
|
|
|
Од: mimi |
Датум: 29.08.2011 12:17:59 |
|
Bravo Ivor, odlicna analiza , potkrepena so fakti.Ama koj te razbral. ocigledno nikoj. Zatoa i ziveeme vo crno-bel svet. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ние, вие и тие, толку сме |
Датум: 29.08.2011 13:11:05 |
|
За рубриката „Ќе пукнам“ е кога ќе видам дека некој зборува за демократија во вмро! Но, рабирање за таквите индивидуи имам. Таму се таквите, кои сметаат дека тоа, таму, е демократија.
Таму се оние (без „интелектуалното“ крило), кои, имале шанса, да прочитаат една книга. Мислам на Програмата на преробениците. |
|
|
|
|
|
|
Од: Коментатор |
Датум: 29.08.2011 13:29:53 |
|
Се е напразно кога тргаш од погрешни постулати драг Ивор.Ја ценам твојата приврзаност кон левицата (но и не ја делам) но ако си прав левичар ќе се согласиш со мене, или те молам демантирај ме:СДСМ која ти ја љубиш и поистоветуваш со левицата, не е левица!!Убеди ме врз кои основи е СДСМ левица?СДСМ е на��либералнокапиталистичка партија што може да се замисли, партија која ја приватизираше Македонската економија во рацете на олигарсита.СДСМ е New Chicago School na Milton Friedman дека нема бесплатен ручек.Колку е тоа левица?Кога СДСМ ги подигнал платите на пензионерите, социјалните случаји итд, трејдмарк на левицата?Во економски аспект ВМРО е далеку по-левица од СДСМ.Поделбата левица/десница единствено држи во однос на патриотизмот на ВМРО,сличен на оној на републиканците(USA),конзервативците (UK).И уште поинтересно, и левицата во Европа е веќе десница како онаа на Блер,Саркози итд.Така што покрај што СДСМ не е левица туку твојата идеализирана левица ја нема ни во МК ни во ЕУ ни во САД. |
|
|
|
|
|
|
Од: pozdrav do avtorot na tekstov |
Датум: 29.08.2011 14:46:19 |
|
odlicen tekst a za takvite kako deko sto komentirale ne vredi ni da se trosi zborovi pa duri negovata prva recenica nema smisla a ne za poveke znaes sto e zalno, zalno e koga za se vi e kriva opozicija koja ne bila na vlast vo poslednive godini, ako ve slusa nekoj ke pomisli i za poslednive smeski kako amnestiranjeto na tie od vojnata bilo krivica na sdsm |
|
|
|
|
|
|
Од: gragjanin |
Датум: 29.08.2011 15:44:48 |
|
Kakov talent! Bravo Ivor, za tvoite godini si perfekten analitichar koj, za zhal, nema konkurencija vo Makedonija. Tochno i precizno gi locirashe ptoblemskite tochki. Odlichno, ochekuvam mnogu od tebe
Vtoro, toa za shto pishuvash e problemot na site demokratski i gragjanski partii, a vo drzhava navlezena vo politichka zhabokrechina, boga mi, teshko ke isplivame! |
|
|
|
|
|
|
Од: seirdzija |
Датум: 29.08.2011 16:53:16 |
|
Jas sum siguren deka vo DPMNE ima demokratija,no kakva?Eve na primer,ako vasiot Premier se kaci na voinot na konj i moca po sopartijcite siguren sum deka ke im bide dozvoleno da vozvratite!!!A toa dali poslusnici mozat da bidat patrioti se vide so amnestija na uckite,pa i ubistvo i prikrivanje na istoto!!!Taka da dragi moi poslusnistvo nema vrska so demokratija ni vo SDSM,a uste pomalku vo DPMNE,pa otuka i sme dno od dnoto na Evropa. |
|
|
|
|
|
|
Од: девичанецот |
Датум: 29.08.2011 17:14:15 |
|
Иворе!
Ако си ти аналитичар, јас сум Синбад Морепловецот! |
|
|
|
|
|
|
Од: za lazhnite nadezhi na devichanecot |
Датум: 30.08.2011 01:36:49 |
|
девичанецот, se precenuvash! Ivor mozhe da stane izvonreden analitichar, ama ti mozhe da sonuvash deka ke bidesh Sinbad morepolovecot
|
|
|
|
|
|
|
Од: zrak |
Датум: 30.08.2011 06:37:26 |
|
20g..se vozime vo avion bez pilot a vie se raspravate koj ne vozi poubavo.koga ke poglednite nadvor i vidite kade zalutavme togas mozi ke svatite deka vi go pomatile umot. |
|
|
|
|
|
|
|
|