Петра, Еклстон
Се омажи ќерката на газдата на Ф1
Петра, ќерка на милијардерот и газда на Формула 1, Берни Еклстон, се омажи за бизнисменот Џејмс Стант, а „спектаклот“ чинеше 5 милиони фунти или 5 и пол милиони евра.
На венчавката што се случуваше завчера во Рим беа присутни 250 ВИП-гости кои до дворецот пристигнуваа во специјални лимузини. Инаку, дворецот каде што се случуваше церемонијата Берни го најми за 310.000 фунти и целиот беше украсен според мотото на Петра „Магичен свет“.
До дворецот Петра стигна во „ролс ројс“, што го возеше славниот Жан Алези, во придружба на својот татко, а во 18 часот попладне почнаа да пристигнуваат гостите. Невестата ја имаше венчаницата која за неа специјално ја креираше Вера Ванг за 80.000 фунти.
Откако Петра и Џемс го кажаа своето „да“, гостите уживаа во серенадите што ги пееше Андреја Ботичели и наздравуваа со шампањ, кој вреди 4.000 фунти по шише.
Првото танго двојката го изигра со песните на Ерик Клептон, а потоа гостите продолжија со забавата што им ја приреди групата „Блејк ајд пиз“.
На венчавката присуствуваа многу познати ликови - Парис и Ники Хилтон со својата мајка, принцезата Сара Фергусон и нејзината ќерка Беатриса, бившиот шеф на Формула 1, Жан Тод. |