Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter

Пет минути интервју

Нова колекција во октомври

Никола Ефтимов, моден дизајнер

Валентина Тодоровска

Има ли летото врска со меланхолијата?


„Летото е период кога можам поинтензивно да се повлечам во мојот свет и без премногу вознемирувања да го набљудувам и доживувам мојот животен простор во текот на различните делови на денот и ноќта. Можеби сум еден од ретките што опстојува во стан во скопската пеколна клима ориентиран кон запад без клима-уреди. Не дека ја сакам горештината, едноставно, убаво ми е кога пладневното сонце ги благословува предметите и растенијата со кои сум опкружен. На ист начин ми се допаѓа кога зимските ветрови зборуваат низ моите врати и прозорци. Во мојот досегашен живот имало различни лета, затоа оваа сезона не ја поврзувам само со одредена емоција или состојба на духот. За жал, летово поради семејната загуба, го одбележува неизмерна тага.

Ова годишно време е создадено да се надополни пропуштеното, некои го користат за патувања што се вклопуваат како мозаик во менталните патишта, другите сакаат да одат на плажа... А ти?

„Вообичаено, во летниот период си дозволувам да ги сработам оние нешта за кои во текот на академската година едноставно немам време. Станува збор за проекти што би се одвивале во текот на есента и зимата. Доколку се наместат сите коцки, знам да отпатувам некаде на две-три седмици. Сакам да откривам некоја нова земја, што ја немам посетено порано, но постојат и точки на планетата од кои сум зависен, на кои, кога е можно тоа, со радост се навраќам да осознаам некој нов слој. Доколку е плажа, сакам да е осамена“.

Од што си зависен летово? Музика, книги?

„Интензивно следев и надоместував она што го имам пропуштено во новитетите на продукцијата на стара музика. Ме радува дека постојано се појавуваат нови интерпретатори и ансамбли специјализирани за средновековна, ренесансна и за барокна музика. Некои од нив ми се контакти на ’Фејсбук’, па од прва рака можам да се информирам за новите снимки и да уживам во нивните изведби. Книгите што беа во изминативе месеци често во моите раце се поврзани со истражувањата за мојата нова колекција, па засега нека останат тајна“.

Ти недостасуваат ли студентите, училишните обврски? Што ќе донесе ново септември?

„Постојат периоди кога ми недостасува работата со студентите, но човечки е, исто така, тие да се одморат од мене, а јас од нив. Предавачката работа исцрпува многу, затоа што во случајот на сите типови креативни професии, работата е индивидуална, а секој студент е приказна за себе. Новитетите ќе се случат во октомври, кога ќе ја презентирам мојата нова колекција, а неколку дена по тој настан ќе биде отворена мојата јубилејна изложба. Следната година навршуваат дваесет години од мојата прва модна презентација, па сакав да ги одбележам изминатите години на креативно работење. Изложбата ќе има интернационален карактер. Дел од моите архивски парчиња на машка долна облека во текот на јули беа фотографирани од страна на американскиот уметник Ричард Орм Флин, на неговиот имот во Атланта. Во текот на овој месец истиот автор ќе го продолжи снимањето во Париз. За изработка на мојата последна колекција веќе е ангажирана како дизајнер-асистент една од моите најдобри студенти - Александра Јовановска, а деновиве ќе го комплетирам целиот тим“.


#
Статијата е прочитана 2650 пати.

Испрати коментар

Од: Katerina V.
Датум: 29.08.2011 06:44:58
Nasiot najdobar moden dizajner. Samo covek od vrven talent, sofisticiranot i inteligencija moze so vakvi skromni zborovi da se izrazuva. (za razlika od drugiot.moden dizajner vo ovoj broj).

Најди! во Утрински
Насловна
Ласерски радари ќе ги ловат бесните возачи
Бевме многу наивни
УНЕСКО ќе продолжи да и' дава поддршка на Македонија
Ураганот „Ајрин“ во Њујорк
„Бит-фест“ се затвори со Кирил Џајковски и цел обоен во бело
Пописен етноцид во Албанија
Државата ни вели да слушаме турбофолк-музика
„Метаморфози“ на Ацо Поповски најдобра на фестивалот во Тиват
Студентка од Штип загина од ураганот Ајрин
Се омажи ќерката на газдата на Формула 1
Лустратори на бандаж
Путин возејќи „Харли Девидсон“, предводеше група рокери
Го кажа ветувачкото „да“
Маки без еврообврзниците
Србинките жени на светски богаташи
За критичарите на левицата
Принцот Хари на Хвар
Стилот не се купува, стилот се гради
Доделени Ем-ти-ви музичките награди
Руски новинари ги пронајдоа петмината заробени Срби
Карикатура
Стил

"""