САД
Студентка од Штип загина од ураганот Ајрин
Студентка од Штип е една од жртвите во налетот на ураганот Ајрин, кој го зафати источниот брег на САД.
Девојката и уште неколку патници биле пронајдени удавени во автомобил во Њујорк. Засега не се соопштува идентитетот на девојката.
Ураганот досега усмрти најмалку 44 лица и причини штета од околу осум милијарди долари.
„Ајрин“, која ослабна и дојде до нивото на тропска бура, претходно денеска ја погоди Канада, а претседателот на САД, Барак Обама синоќа ги предупреди граѓаните на источното крајбрежје дека невремето се уште официјално не е завршено.
|