Форлан во Реал за 18 млн. евра?
Мадидска „Марка“ пишува дека Атлетико Мадрид решил да заработи на 31 годишниот уругвајки напаѓач Диего Форлан нудејќи му го на градскиот ривал. Претседателот Енрике Черезо би го дал официјално најдобриот играч на последното СП во Јужна Африка за 18 милиони евра. Станува збор за бројка четири пати помала од продажната клаузула што е наведена во договорот на Форлан кој важи до 2013 година.
Иако, ова лето Атлетико не сакаше да го пушти во Тотенхем или Јувентус, очигледно во Мадрид сфати дека Форлан влегува во 32 година од животот и дека е последна шанса да се фати некоја паричка. Форлан нема дадено гол во последните 12 официјални настапи за својот клуб. |