Број 3429  четврток, 11 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

„Џезерите“ му отсвиреа на дрим-тимот на Мајами

Јута на полувреме имаше 19, но на крајот славеше со 116:114 по продолженија

Кошаркарите на Јута, како гости, го совладаа составот на Мајами со 116:114 по продолженија, а јунак во мечот беше крилниот центар на „џезерите“, Пол Милсап. Уфрли 46 коша, рекордни во неговата кариера. Покрај него се истакнаа уште Дерон Вилијамс со 21 поен и 14 додавања и Андреј Кириленко, стрелец на 16 коша. За медиумско внимание се избори и Франциско Елсон. Мина само 6,5 минути на паркетот, но погоди два „пенала“ на четири десетинки до крајот на продолжението и практично и го обезбеди триумфот на Јута. Тоа, впрочем, беа негови единствени поени во средбата.

„Тешко ми е да најдам зборови да опишам што се случи во второто полувреме. Кога имате негатива од 19 коша против така силна екипа каква што е Мајами и кога ќе успеете да извлечете победа, тогаш тоа доволно говори за карактерот на нашиот тим“, рече Милсап.

Кај дрим-тимот од Мајами најефикасен беше Двејн Вејд со 39 поени, трипл-дабл ефект оствари Леброн Џејмс (20 коша, 14 асистенции, 11 скока).

„Влеговме опуштено во второто полувреме. Јута имаше одличен проток на топката и кога почнаа да погодуваат шутеви кои во првиот дел ги промашуваа беше готово за нас, не' закопаа“, изјави Џејмс, незадоволен од пристапот на своите соиграчи во третата и последната четвртина.

Резултати: Лос Анџелес Лејкерс - Минесота 99:94, Индијана - Денвер 144:113, Њу Џерси - Кливленд 91:93, Мајами - Јута 114:116 (по продолженија), Милвоки - Њујорк 107:80, Њу Орлеанс - Лос Анџелес Клиперс 101:81, Портланд - Детроит 100:78.



Повреден наЈдобриот стрелец во лигата



Дефанзивецот на Голден Стејт, Монта Елис, кој со просек од 27,8 коша по натпревар моментно е најдобар стрелец во НБА лигата, имаше незгоден доскок во мечот против Торонто што продуцира повреда во грбот. Веднаш беше подложен на рентген, но засега е нејасно за тежината на незгодата.

„Го чекам докторите да ми јават за ситуацијата. Го посетив Монта и можам да кажам дека е во добра состојба меѓутоа се' уште не знаеме колку е сериозна повредата“, рече Кејт Смарт, тренер на „вориорси“.

Елис уфрли 28 поени против репторси пред да го напушти теренот. Во првиот натпревар против Хјустон постигна 46 со што го израмни најдобриот ефект во кариерата. Неговата одлична форма на стартот во сезоната е од голема помош за Голден Стејт, тим кој во моментот има 5 победи и 2 пораза.


#
Статијата е прочитана 316 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Тиквеш го исфрли Вардар од Купот!
Златен сјај на 40. „Златен гонг“
Кикс на Тотенхем, Модриќ се спаси од скршеница
Ватерполо репрезентацијата се „помакедончува“
Хамилтон би сакал Вебер да биде шампион
Србија во шок, Косово ќе игра во квалификациите за СП во Бразил?!
Геј место Болт на листата најдобри годинава
И Федерер е за покуса сезона
Форлан во Реал за 18 млн. евра?
Дрогба имал маларија
Реми и пораз со Романците






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'