Реми и пораз со Романците
Македонската футсал репрезентација со реми и пораз се враќа од гостувањето во Романија, каде што во Дева одигра два пријателски натпревара со домашната селекција во функција на подготовките за квалификациите за Европското првенство, што ќе се одржат во почетокот на 2011 година во Скопје. По завчерашниот пораз од 5:0, избраниците на селекторот Васко Скендеровски вчера одиграа нерешено 3:3 во драматичен меч. |