Број 3429  четврток, 11 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Ватерполо репрезентацијата се „помакедончува“

За мечот со Србија повикани по седум играчи од Работнички и странци со македонски пасош

Роберт Димитриевски

Најавеното вртење на листот по дебаклот на Европското првенство во Загреб, каде што беше освоено последното место, во ватерполо репрезентацијата на Македонија ќе почне да се применува веќе против Србија во Светската лига со повикувањето еднаков број домашни играчи и интернационалци. Владимир Димовски, член на Управниот одбор на Пливачката федерација на Македонија, најави дека за стартниот дуел во Светската лига на 16 ноември од 19 ч. во Белград ќе конкурираат по седуммина играчи од Работнички и од странство.

Хрватите со македонски пасош Далибор Перчиниќ, Даниел Бениќ, Здравко Делаш и Игор Рачуница, заедно со Србите со македонско државјанство Иван Вуксановиќ, Владимир Кречковиќ и Ненад Босанчиќ, кои ги бранеа боите на Македонија во Загреб, ќе го носат македонскиот дрес и во вторник. Од репрезентацијата се повлекоа Еди Бркиќ, Владимир Латковиќ и капитенот Ненад Петровиќ, па лентата во иднина ќе ја носи голманот Перчиниќ. Како повозрасен, тој доби предност во однос на Вуксановиќ.

Синоќа требаше да бидат финализирани преговорите со екскапитенот Сашко Поповски околу преземањето на водењето на националниот тим по оставката на Стеван Нонковиќ на последниот ден од ЕП. Според Димовски, со 99-процентна сигурност Поповски ќе седи на клупата барем против бранителот на трофејот во Светската лига.

Репрезентативците треба да се соберат в понеделник во Белград на вечерен тренинг, а ќе тренираат и утредента претпладне во базенот „Ташмајдан“, во кој ќе се одигра натпреварот.

Покрај Македонија, во групата од Светската лига се и Германија и Шпанија. Токму светскиот вицешампион Шпанија е следниот противник на најдобрите македонски ватерполисти во почетокот од декември, кога „црвената фурија“ доаѓа на двомеч во Скопје. Прво на 5 декември на Олимпискиот базен „Центар“ ќе се одигра мечот од квалификациите за Европското првенство 2012 во Ајндховен, а за два дена подоцна е закажана средбата од Светската лига.


#
Статијата е прочитана 718 пати.

Испрати коментар

Од: ljubo
Датум: 11.11.2010 13:51:08
Едно прашање до авторот на текстов.Дали знаеш кои се МАКЕДОНЦИТЕ во МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ? Ако не знаеш, одма да се информираш и да им ги представиш на читателите во утрешниот број, но и да им се извиниш, како на ватерполистите така и на читателите.

Најди! во Утрински
Спорт
Тиквеш го исфрли Вардар од Купот!
Златен сјај на 40. „Златен гонг“
Кикс на Тотенхем, Модриќ се спаси од скршеница
Хамилтон би сакал Вебер да биде шампион
Србија во шок, Косово ќе игра во квалификациите за СП во Бразил?!
Геј место Болт на листата најдобри годинава
„Џезерите“ му отсвиреа на дрим-тимот на Мајами
И Федерер е за покуса сезона
Форлан во Реал за 18 млн. евра?
Дрогба имал маларија
Реми и пораз со Романците






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'