Кикс на Тотенхем, Модриќ се спаси од скршеница
Дефанзивецот на Сандерленд Катермол крвнички стартуваше над хрватскиот репрезентативец, а доби само жолт картон
Откако го совлада Интер во Лигата на шампионите Тотенхем никако да дојде до победа во Премиер-лигата. Најпрвин загуби на гостувањето кај Болтон, а завчера во во вонредното коло на свој терен одигра 1:1 со Сандерленд (Ван дер Варт 64 мин - Гјан 67 мин), што е негово четврто реми сезонава.
По мечот тренерот Хари Реднап имаше многу што да му каже на судијата Хаурд Веб, еден од најценетите делители на правда во последните неколку години.
„Не сум од оние тренери кои се концентрираат на судиите по натпреварите, но овој меч ми дава многу поводи за тоа“, тргна Реднап и продолжи: „Пеналот над Бентли беше чист, чудно е што судија од таква категорија тоа го окарактеризира како намерно паѓање. Но, уште повеќе ме мачи случајот со Модриќ“.
За време на вториот дел на 40 метри од голот на Сандерленд, гостинскиот фудбалер Ли Катермол остро страуваше над Лука Модриќ, кој остана да лежи на тревата. Многу бргу дотрчаа сите играчи, а најжесток во пресметката беше Рафел ван дер Варт, кој бараше од Картемол „објаснување“.
„Денес Модриќ можеше да има скршена нога. Може да биде многу среќен. Тоа беше гаден старт, ми се чинеше дека му ја скина ногата. Само немо останав да го гледам Лука, молејќи се да биде в ред“, посочи Реднап.
Катермол за тој старт доби само жолт картон. „Требаше построго да го казнат. Јас продолжив да играм. За време на мечот успевате некако да издржите. Вистинската билка доаѓа потоа. Се надевам дека наредниве денови целосно ќе заздравам“, изјави Модриќ. |