Србија во шок, Косово ќе игра во квалификациите за СП во Бразил?!
„Курир“ објавува дека албанските бизнисмени лобирале Косово да влезе во УЕФА и во ФИФА
„Тоа е реалност. Не гледам зошто не би играле. Косово е признато од 71 држава, од кои поголемиот дел сакаат нашата репрезентација да биде членка на УЕФА и на ФИФА“, изјавува за „Курир“ бившиот играч на Партизан, сега претседател на Фудбалската федерација на Косово, Фадиљ Вокри.
„Би сакал во нашата квалификациска група да биде и Србија. Тоа би ги намалило тензиите“, смета Вокри.
„Курур“ целиот текст го вози под наслов „Скандал! Фудбалерите на Косово на Мундијал“. Весникот наведува дека албански бизнисмени лобираат кај челниците на ФИФА и на УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини. Во моментов Платини бил проблемот. Тој стои на ставот дека Косово треба прво да стане членка на ООН. Затоа Албанците посакуваат негов неуспех на изборите 2011 година.
„Иако, состанокот во Нион немаше врска со Косово во зградата на УЕФА имаше многу албански бизнисмени. Набргу дознав дека учеството на Косово на СП во Бразил 2014 година е речиси завршена работа. ФИФА даде зелено светло, а се очекува тоа да го направи и УЕФА“, тврди извор на „Курир“ близок до УЕФА.
„Научна фантастика“, така сето ова го оценува Фудбалскиот сојуз на Србија. „Статуот за нови членки е јасен. Нашиот Сојуз доби гаранција дека лажна држва како Косово не може да биде примена во УЕФА, а со самото тоа ниту во ФИФА. Лудо е да се очекува дека топче со името на Косово ќе биде во некој барабан“. |