Брoj 2711  сабота, 14 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Волшебен пресврт на Бостон во „Стејплс центар“

Минусот од 24 коша во вториот период претворен во плус 6 на крајот за 3:1 во финалето со лејкерси

Кошаркарите на Бостон стигнаа до третата победа во финалето на НБА-лигата, и тоа на паркетот во Лос Анџелес, откако направија огромен резултатски пресврт. Ја анулираа негативата од 24 поени во втората четвртина и славеа над лејкерси со 97:91. Сега селтикси водат со 3:1 и се на чекор до освојување на шампионскиот прстен.

„Сигурно дека ова е голема победа. Ова беше еден од оние натпревари кои се чуваат во библиотека за еден ден да се покажуваат на поколенијата. Моментно, не сакам ништо повеќе од шампионскиот прстен“, изјави Пирс по мечот.

По одличниот почеток и целосната контрола врз играта и резултатот во првата четвртина (35:14), со тројката на Вујачиќ на 6,45 минути до крајот на вториот период „езерџиите“ заминаа со плус 24. Неговиот соиграч Џордан Фармер, пак, со тројка во последната секунда ги докрајчи селтикси во нивното скандалозно прво полувреме, кое заврши со 58:40 за гостите. Комплетно потфрлија во нападот, но и во одбраната. Ги предводеше Џејмс Пооузи со 10 коша, а Гарнет и Пирс мака мачеа со својата ефикасност. На спротивната страна одлично прво полувреме имаше Ламар Одом кој беше најсилна алка во играта на домашните.

Предноста на Лос Анџелес почна полека да избледува кон средината на третата четвртина. Бостон се спушти на минус 11 (72:61), а Пол Пирс во тие моменти покрај забивање се избори и за прекршок и слободни фрлања одведувајќи го својот тим на едноцифрена негатива. И додека домашните продолжија да се губат, гостите цврсто го држеа мечот во свои раце. На крајот од третиот период „езерџиите“ имаа водство од само два поена (73:71), откако четвртината убедливо ја доби Бостон со 31:15.

На стартот од последната четвртина со погодокот на Леон Пау гостите, за првпат по почетокот на мечот, го израмнија резултатот, а со кошот на Еди Хаус на четири минути до крајот и за првпат поведоа во натпреварот. Поените на Ален и Гарнет ги одведоа „селтикси“ на плус шест (89:83) пред шокираната публика додека домашните миленици беа безидејни во фазата на нападот. На 15 секунди до крајот Бостон имаше водство од 96:91, а фановите на „езерџиите“ не можеа да поверуваат на она што го гледаат на паркетот во „Стејплс центар“. Брајант го заврши натпреварот со дабл-дабл ефект (17 коша, 10 асистенции), Одом постигна 19 коша кон кои додаде и 10 скока, Гасол оствари 17 ��оени и 10 скока, Фишер беше стрелец на 13 коша.






Статијата е прочитана 169 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Германецот Скибе нов тренер на Галатасарај
Ристовски и Поповска на ОИ
Исландски испит на зрелоста за ракометарите
Србинот Достаниќ нов тренер на Вардар
Грабулоски со скалпот на првиот носител во Скопје
Барзаљи и Закардо во Волфсбург
Магдинчев и Русевски во полуфиналето во Софија
Хрватска ја нокаутира Германија
Сколари на клупата на Челзи
Пјел нов кормилар на Олимпик Лион
Болоња со американски сопственици
Кубанецот Роблес нов светски рекордер на 110 м со пречки