Ристовски и Поповска на ОИ
Пливачите Михајло Ристовски и Елена Поповска ќе учествуваат на Олимписките игри во Пекинг. Пливачката федерација на Македонија и Македонскиот олимписки комитет решија ним да им ги доделат вајлд картите, со оглед дека никој од македонските пливачи нема изборено норма за настап на ОИ.
Покрај Ристовски и Поповска, во Кина ќе настапат и борачот Мурат Рамазанов и кајакарот Атанас Николовски, а вајлд карти треба да добијат и двајца атлетичари, по еден во машка и во женска конкуренција. |