Брoj 2711  сабота, 14 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Грабулоски со скалпот на првиот носител во Скопје

Поранешниот тениски резентативец на Македонија, Димитар Грабулоски, целосно ја оправда вајлд картата од организаторот на фјучерсот „Мерцедес опен“, кој се одржува на земјените терени на Југ во Скопје, за награден фонд од 10.000 американски долари. Големата победа од 7-5, 7-5 над првиот носител Давид Савиќ од Србија, 435. на АТП-листата, му донесе на нерејтингуваниот Грабулоски полуфинален дуел со петтиот носител Барт Бекс (773.) од Холандија.

Меѓу осумте најдобри се проби и актуелниот репрезентативец Илија Мартиноски (1013.), кој лесно го совлада и Адријан Сикора (1129.) од Словачка со 6-2, 6-1 и синоќа требаше да игра со квалификантот Синиша Маковиќ (1290.) од Босна и Херцеговина.

Домашните тенисери одлично поминаа и во двојки. Страте Крстевски и Босанецот Марковиќ, по елиминацијата на првите носители Бекс од Холандија и Богдан-Виктор Леонте од Романија со 1-6, 6-4 10-8 во полуфиналето, без борба се пробија во финалето. Нивните противници Томислав Јотовски и Милјан Зекиќ од Србија го предадоа мечот бидејќи Томи отпатува за Англија, каде што денеска треба да стартува во квалификациите за јуниорскиот турнир на трева во Роехемптон. За пласман во финалето синоќа се бореа и Мартиноски и Шендрит Деари против вторите носители Александар Мариќ од БиХ и Србинот Савиќ. (Р.Д.)


Статијата е прочитана 137 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Германецот Скибе нов тренер на Галатасарај
Ристовски и Поповска на ОИ
Исландски испит на зрелоста за ракометарите
Србинот Достаниќ нов тренер на Вардар
Барзаљи и Закардо во Волфсбург
Магдинчев и Русевски во полуфиналето во Софија
Хрватска ја нокаутира Германија
Сколари на клупата на Челзи
Волшебен пресврт на Бостон во „Стејплс центар“
Пјел нов кормилар на Олимпик Лион
Болоња со американски сопственици
Кубанецот Роблес нов светски рекордер на 110 м со пречки