Брoj 2711  сабота, 14 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Кубанецот Роблес нов светски рекордер на 110 м со пречки

Новото најдобро време е една стотинка подобро од рекордот на Кинезот Ксијанг

Кубанскиот спринтер Дајрон Роблес (21) постави нов светски рекорд во трките на 110 метри со пречки. На Гран при митингот во Острава, Чешка, тој истрча време од 12,87 секунди што е за една стотинка подобар резултат од досегашното најдобро планетарно остварување во оваа дисциплина на олимпискиот шампион, Лиу Ксијанг, од Лозана минатата година.

Роблс како катапултиран тргна од стартниот блок на патеката во Острава и по минувањето на целната линија беше изненаден од самиот себе. Неговиот личен рекорд пред настапот во Чешка изнесуваше 12,92 секунди, а организаторите на митингот малку подолго од вообичаеното почекаа со објавување на резултатот. Две минути ја држеа поубликата во неизвесност, на семафорот најпрво истакнаа 12,88, но откако го корегираа времето на Роблес предизвикаа воздишки на трибините. Теренс Трамвел, олимпиец и некогашен носител на сребрен медал, по трката изјави: „Го освоив второто место, но моите 13,31 секунди изгледаат смешно во однос на неговиот резултат. Секоја чест за Роблес“.

По 12 дена од соборувањето на светскиот рекорд на 100 метри, Јусеин Болт во Острава ја трчаше својата прва трка на 200 метри во оваа сезона и веднаш забележа најдобро светско време во оваа дисциплина годинава. Победи со време од 19,83 секунди оставајќи го зад себе второпласираниот Џингаи на далечни 20,17 секунди. Во досегашната кариера спринтерот од Јамајка само еднаш беше побрз на 200 метри и тоа лани (19,75 секунди) и со оглед на околностите рече: „И повеќе од задоволен сум со резултатот. Сега ќе се повлечам и ќе се подготвувам за новите предизвици. Од 27 до 29 јуни ме очекува настап на првенството на Јамајка“.

Во ретко видените трки на 300 метри со резултат кој е далеку од Топ 10 на сите времиња (31,72 секунди) триумфираше Џереми Воринер, а европската шампионка во фрлање копје Кристон Обергфол (67,72 метри) ја победи носителката на светското злато Барбара Спотакова (66,91 метри).

Новопечената светска рекордерка на 5.000 метри Тирунеш Дибаба од Етиопија победи во трката на 10.000 метри (31:03,37 минути). Второто место го освои нејзината повозрасна сестра Ејегајеху (31:04,05 минути), а третата беше сонародничката Меселет Малчему (31:04,93 минути) која во Острава дебитираше на 10.000 метри.


Статијата е прочитана 96 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Германецот Скибе нов тренер на Галатасарај
Ристовски и Поповска на ОИ
Исландски испит на зрелоста за ракометарите
Србинот Достаниќ нов тренер на Вардар
Грабулоски со скалпот на првиот носител во Скопје
Барзаљи и Закардо во Волфсбург
Магдинчев и Русевски во полуфиналето во Софија
Хрватска ја нокаутира Германија
Сколари на клупата на Челзи
Волшебен пресврт на Бостон во „Стејплс центар“
Пјел нов кормилар на Олимпик Лион
Болоња со американски сопственици