Пјел нов кормилар на Олимпик Лион
Нов тренер на Олимпик Лион ќе биде Клод Пјел (47), досегашен кормилар на Лил. Потврда стигна и од таборот на клубот од „Жерлан“. Пјел доаѓа како замена на Алан Перин, на кого управата му се заблагодари за соработката, иако оваа сезона тој го предодеше Олимпик Лион до првата двојна круна.
Пјел својата тренерска кариера ја почна во Монако. Таму остана две години, а подоцна се пресели во Лил, каде што мина шест сезони. Пјел и Олимпик Лион потпишаа договор за четири сезони. |