Германецот Скибе нов тренер на Галатасарај
Донеодамнешниот стратег на Баер Леверкузен, Германецот Михаел Скибе (42), е нов тренер на Галатасарај. Тимот од Истанбул, кој ја освои својата 17. шампионска титула во Турција, објави дека потпиша едногодишен договор со Скибе, со можност за негово продолжување за уште 12 месеци. На кормилото на Галатасарај тој доаѓа на местото на сонародникот Карл Хајнц-Фелдкамп.
Скибе еден период беше асистент во германскиот национален тим. Минатиот месец доби отказ во Баер, откако сезоната ја заврши на седмото место во Бундеслигата. |